Webp.net gifmaker

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој го објави јавниот повик за доставување на барањата за мерката 115- активен женски член во земјоделското домаќинство во Програмата за рурален развој. Максималната финансиска поддршка изнесува 180 000 (3000 евра) во форма на гранд, најави Татјана Крнчева Координатор на Форум на жени на СДСМ во Битола.

„Оваа мерка како поддршка на жените земјоделки се воведува првпат, а целта е да се подобри економската состојба на жените, да се зголеми бројот на регистрирани жени земјоделки кои подеднакво ќе придонесат за развој на земјоделството. Крајниот рок за доставување на барањата е 26 декември годинава, а корисници можат да бидат земјоделски стопанства чиј носител е жена, запишани во Единствениот регистер на земјоделските стопанства во Министерството за земјоделство“, рече Крнчева.

Со овие средства може да се набави опрема за ладење, замрзување, сечење, конзервирање, опрема за манипулација, утовар и истовар, ладилници, за мерења и квалитет и друго.

Дополнително преку мерката женски активен член во земјоделското домаќинство се промовира и диретна продажба или продажба од праг зашто е подготвен и правилник за флексибилност за производи од животинско потекло со што идентитетот и квалитетот на производот што го призведуваат жените во руралните подрачја ќе дојде до израз. Оваа мерка ја креираше посебна новоформирана група за родова еднаквост и зајакнување на жените.

„Со ова СДСМ уште еднаш потврди дека е политичка партија со високо ниво на родова сензитивност во сите сфери. Ја мотивира и поддржува жената како столб на ова општество и го обезбедува нејзиното заслужено место и улога“, рече Крчева.

tatjana1

 

Очи вистина не гледаат повеќе...остана да видиме душа дал ќе преживее!  Кога се думав како општествено-политичката ситуација да ја коментирам во форма на колумна, а да нема политичка ,т.е партиска конотација, ми стана јасно дека тоа е можно само со компарација.

tatjana1

 

Низа години, од оваа перспектива декади, сум говорела за еснафот и еснафското кое ретко кое населено место го има во Македонија, дотолку повеќе што тое е белег на есенцијалната разлика на Битола за сметка на другите градови и населени места. 

tatjana1

 

И кабастиот отпад се чисти, само пријавете локација да не Ве промашат!

Можеме од почеток,таков е редот. Некој тивко праша: “А зошто толку многу еколошки акции сега и секаде?“. Па прво затоа што се потребни и неопходни! Општествено-политичкото уредување на една држава се гледа и по нејзиниот двор (еколошка свест), а ние овде некако сме навикнале само и САМО да критикуваме. Мегдан за мерење и берење политички поени има...ама не сега и не на оваа тема.

Во Битола како никогаш досега,а за волја на вистината и низ скоро сите општини и Град Скопје започнаа еко акции за чистење на отпадот низ урбаните локации. Сите jавни претпријатија на повик на граѓанството помагаат да се исчисти отпадот, кој неретко е и на приватен имот. Велам “помагаат“, иако е тоа во нивната основна дејност или што би се рекло тоа им е работа, бидејќи отпад просто извира, а локации на кои никогаш не бил фрлан и важеле за чисти и одржани, се претвораат во мини диви депонии.

Се чисти и по секоја акција се слуша глас од дното: “Батали бе брат,од партија е! Ела давам по едно кафе на Широк Сокак“, по што нормално, онака низ муабет, исфрла секрет од нос и од уста и фрла отпушок од цигара на сред улица!

И се ќе беше во ред ако страдавме од колективна амнезија и ако не ни беа во некој фолдер во главата фото сесиите од не така далечно време со акциите “засади дрво“. Е арно ама, тоа ме носи до површна психоанализа ( велам површна оти ми е страв во длабокото да одам ) на втор сегмент. Има отпад и ОТПАД. За овај првиот,ако не се заортачиме сите и не се претвориме во ЕКО армија која ќе објави војна на зулумџиите, мав ни е планот,онака по битолски. Ама овој вториот,кој има човечки предзнак или телотворение, ни „Комуналец“ не го чисти!

Патем Финска која претседава со Европската Унија како прв приоритет во своето “управување“ го има токму еколошкиот сегмент и здравата животна средина. Или и тие извештаи не се читаат? Па нели ЕУ и НАТО ни се заеднички мечти?! Интересни некои ликови никнаа и се самокрунисаа за “зелени“ гласноговорници. Уште поинтересно е КАКО се борат против нехигиена, притоа слабо снаоѓајќи се со својата сопствена ментална. Карактерниот отпад ни стана повеќе животозагрозувачки , додека се помалку се има слух за отпадот кој ни смрди под носот.

И тука некаде би го поставила прашањето: “А каде сте вие на еколошките акции низ Битола и битолско?“ Па имало вакви и онакви политички претставници...е арно де! Во основа секој човек е политичко битие и тоа се учи на школо нешто пред или по лекцијата дека семејството е основна клетка на општеството. Или и од тој час избегавте?! Имаше своевремено т.н работни акции,иако за волја на вистината тоа беше еднопартиски систем, но не гледам зошто добрите нешта да не ги задржиме и во плуралистичко општество. Зошто сите ние не ги затвориме устите,не ги оставиме социјално-мрежестите сарказми и невоспитаности за миг и не ги засукаме ракавите?! И кога сме кај работните акции од едно време,имаше едно пролетерско мото кое и ден денес често го користиме...“нема одмора док траје обнова“. Хм...обнова?! Па белким требаше да обновиме, па да одмориме, а не да одмориме, па да обновиме,не? Обновата е најмалку политички аспект, ами социјален и пред се развоен и еколошки. Лош е овој карактерниот отпад...многу лош! Сега ми има смисла она старското: “Ѓубре едно, тита таму ( тита по битолски не гибај )“.

И за да оваа колумна не премине во роман, поентите се јасни.

Би сакала да дочекам ден во кој сите ќе ве видам на ЕКО акција без притоа некој да праша кој ја организира и зошто. Тоа ЗОШТО ме убива! Премногу УПМ честички се тоа за мој вкус! Ни да ве прашам, ни да ме прашате од која партија сме. Една партија имаме-Битола! ...........или грешам?...........Заклучок: ЧИСТИМЕ ЃУБРЕ! Од улица, од дома, од река, од канта, од уста, од мозок ,од срце! Загриженост и емпатија на ниво филмска награда Оскар за глума, оставете си по дома!

За крај,една случка од вечерта после последната досега, а првата од низата кои ќе следат ЕКО акции...наидов на група млади момци ( средношколци ) во градскиот парк. Разјадени, размезени, распиени, распослани и расположени на една од клупите. “Производство“ на ѓубре околу нив кубик на 5 минути. И морам да признаам дека ги демнев и морам да признаам дека бев сигурна дека така безгрижно ќе остават се зад нив и морам да признаам дека бев спремна за лекција држење , наострена до немајкаде. Е ама затоа гард не се крева напразно! Си завршија со дружбата и со смеата, јас тријам раце, се токмам и..........дечките вадат кеси! Шок!!! Си го собираат цело ѓубре од на клупа, од под клупа, од на трева и го фрлаат во првата корпа! Срцето ми се насмеа, ете за една таква нормална работа срце ми се наполна. Разочарана од себеси заради сомнежот, не додржав, станав да ги запознаам, да им се претставам и да ги пофалам. А тие онака понизно, воспитано и со смеење се заблагодарија. И ако ова го читаат,уште еднаш јавно им велам ФАЛА ВИ што ме усрамивте мене, а не себеси. Браво златни деца!

И така...децата ќе се трудат да ни залепат по некој фластер ваму или таму,а ние ќе си се селектираме...отпадно. Како и да е,ако размислам подобро...карактерен отпаду, остани ѓубре до крај! Ем полесно ќе се справам, ем таму на крајот „Комуналец“ ќе помине да те собери! 

Пишува Татјана Крнчева, советник во Општина Битола 

 

 

тавовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани