Место пари за пари за врби, мостови и споменици, оние што вчера рековте дека прошетале низ Битола, таа влада или тие Електрани издвојуваат 2 и пол милиони евра за набавка на клима инвертери во општина Битола. Кажете кога претходната Влада одвоила два и пол милиони евра и за што за Битола? Одберете ја областа која ја сакате и кажете 2,5 милиони евра дадовме дали за амбиенталниот воздух, вработувањата, за економијата, патиштата околу Битола итн, итн. Вака претседателот на Советот Валентин Груевски денес им возврати на советниците од опозицијата кои ги критикуваа краткорочните мерки за животна средина што ги гласаше Советот.

Седница на Совет за понудената Платформа за развој на ракометот во Општина Битола помеѓу ракометниот клуб „Пелистер“ и „Еурофарм работник“ ќе има во текот на оваа недела , најави претседателот на Совет Валентин Груевски на денешната седница на Совет.

Советот на Општина Битола донесе одлука со која спортските клубови каде што Општина Битола има капитална структура да бидат ослободени од плаќање на надомест за користење на спортската сала „Боро Чурлевски“, рече на денешната седница претседателот на Совет Валентин Груевски. Во исто време беа донесени и одлуки за измени и дополнувања на ценовникот за користење на спортски објекти на подрачјето на Општина Битола.

ЈКП Комуналец- Битола  започна со менување на уличното осветлување во градот. Замената на светилките стартува од улицата „Васко Карнгелевски“ за која вечерва минувачите забележуваат дека се е осветлено како да е ден.

-По преземањето на одржувањето на осветлувањето од страна на ЈКП Комуналец,  претпријатието започна со менување на постојните сијалици со нови ЛЕД ламби. Се започна од улицата „Васко Карангелевски“, а ќе се продолжи по улиците „Партизанска“,  „Ремо“ и „Иван Милутиновиќ“. Планот е Битола во наредниот период да добие комплетно ново осветлување, но и Општината да плаќа пониска цена за уличното осветлување, вели за апла.мк  Валентин Груевски претседател на Советот  на Општина Битола .

Двајца чувари ангажирани од Општина Битола ја одржуваат чиста обиколницата над Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани