Ученици од ОУ „Тодор Ангелевски“ и од ОУ „Даме Груев“денеска цртаа пред уреденото чикмаче кај Бела чешма

Октомври 20, 2018

Ученици од ОУ „Тодор Ангелевски“ и од ОУ „Даме Груев“ денеска цртаа кај ново уредениот  урбан простор кај месноста наречена Бела Чешма во Битола, како дел од проектот „Гласно сокаче- будно чикмаче“.

Талентираните ученици предводени од наставничките по ликовно образование Нела Петровска и Весна Дунимагловска цртаа мотиви од Битола, старата градска архитектура и природата.

Како што објавивме Младинската невладина организација „Форум 16“  си зеде за задача да се сопротивстави на гласините што се шират дека младите се мрзливи, апатични, неработливи и дека по цел ден пијат кафе на Широк Сокак  и со група етузијасти го средија и уредија сокачето кај Бела Чешма.

44366921 2269646033266032 146446603698307072 n

44391631 527226207702314 2587606547597099008 n

44392194 2062599044050245 3954897613773340672 n

44423363 169402913966723 4420393492233060352 n

44439054 252662292064726 4623109312879788032 n

44447754 348778229225066 1583013722832502784 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани