Од утре седниците ќе се снимаат и ќе се објавуваат на општинската веб страница

Мај 14, 2019

Седниците на Советот на Општина Битола од утре  ќе се снимаат во целост, а снимениот материјал ќе се поставува на официјлната веб страница на Општина Битола. На овој начин граѓаните ќе имаат можност преку интернет да ја следат работата на советниците во општинскиот Совет

-Ова е една од работите кои ние ги ветувавме во кампањата и во насока на транспарентност и отчетност за нас ова е еден голем чекор за информирањето на граѓаните. Во овој момент така сме опремени и тоа можеме да го направиме, но наскоро сакаме да отвориме јутјуб канал на кој седниците ќе бидат емитувани во живо. На овој начин Советот ќе го направиме транспарентен, да можат седниците да ги видат сите граѓани кои што сакаат тоа да го направат. Ова претставува чекор кон подигнување на кредибилитетот на Советот кој како институција, по закон и по тоа колку луѓе ги гласале советниците, да го добие местото кое го заслужува, рече Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола  на денешната средба со новинарите и посочи дека и во иднина пред секоја седница на Советот , преку прес конференции граѓаните ќе бидат информирани за работата на советниците и важните одлуки кои ќе ги носат.

Утре ќе се одржи 33-та седница на Советот која на дневен ред има 29 точки меѓу кои завршните сметки и извештаите за работа на јавните претпријатија, на Домот за стари лица „Сју Рајдер“, Зоолошката градина.

-Морам да напоменам дека  јавните претпријатија за претходната година покажуваат одлични резултати, сите работат со добивка и кај сите нив е постигната солидна финансиска стабилизација. Во јавните претпријатија се обновува возниот парк, се враќаат наследните непродуктивни кредити и се намалуваат вкупните обврски. На некои од овие јавни претпријатија обврските во моментот се помали од обврските на едно просечно домаќинство, односно се во добра финансиска кондиција и очекувам и годинава да продолжи таквиот тренд, а се надеваме дека оваа година ќе се подобрат и нивните услуги , а финасниските резултатите ќе бидат уште подобри, рече Груевски

Исто така, на утрешната седница треба да се донесе одлука за зголемување на платите на дел од вработените во градинките, ќе има и  неколку информации од Центарот за јавно здравје, избор на Управен и Надзорен одбор на новото јавно претпријатие за паркинзи и др. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани