2win800x200

Не е точно дека цената на паркингот се зголемува, реагира директорот Дојчиновски

Август 12, 2019

„Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во општина Битола и тоа како има концепт и решение за паркирањето во градот’, возврати Зоран Дојчиновски, директор на Јавното претпријатие по денешните обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ дека власта немала концепт како да го реши паркирањето во Битола.

„Не е точно дека цената на паркинг услугите се зголемува. Имено, за првите два часа цената на паркинг услугата во централното градско подрачје (зона А) изнесува 30 денари, додека за секој следен час до крајот на паркинг сесијата цената изнесува 25 денари за час, што е за 5 денари пониска цена од предходната“, стои во реакцијата на Дојчиновски.

 

Тој посочува дека во зона Б цените се уште пониски. За првите два часа ќе се наплатува 20 денари, а секој следен час дополнителни 20 денари, односно за 10 денари на час пониска цена од претходната. Во зона Ц цената изнесува 30 денари за целодневно паркирање.

„Со отпочнувањето на работа на јавното претпријатие, ќе се регулира сообраќајниот режим на паркирање на возилата, а тоа секако ќе има придонес кон подобрување на заштитата на животната средина. Во тек е оглас за вработување во ЈППЈЛП Битола, а секој граѓанин уредно може да се пријави“, нагласува Дојчиновски.  

-Не треба да се заборави дека во изминатиот период Општина Битола беше оштетена за значителна сума на средства преку дискутабилна одлука донесена од поранешниот Совет верифкувана од Владимир Талески, со која комуналната такса од паркирањето наместо да завршува во општинскиот буџет, завршуваше во приватни џебови. Битолската јавност треба да знае дека станува збор за над 2 милиони денари на годишно ниво, стои во реакцијата на Дојчиновски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани