2win800x200

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта: Немате поим што е социјална емпатија и грижа за граѓаните

Август 12, 2019

„Немате поим што е тоа емпатија и грижа за граѓаните“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на диркеторот на ЈП за паркинзи, Зоран Дојчиновски, кој, пак, испрати доипс до медиумите  по прес конференцијата на опозицијата во Битола.

Од ВМРО ДПМНЕ во рекацијата напишаа:

„Колку и да демантирате, не можете да избегате од фактот дека веќе две години НИШТО не направивте. Ваша опсесија е исклучиво “рекетот”, по она што пак денеска го изјавувате никој во Битола нема дилема  дека појма немате што е социјална емпатија и грижа за граѓаните.

Со оваа динамика и ефикасност и името на ЈП ќе Ви остане за жал само футуристичко, оти за две години тешко дека нешто ќе завршите. Од се досега, Ваша најсилна определба сеуште останува честицата ЌЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ кон рекацијата приложија и  ценовник со цените од претходниот концесионер на паркинзите и сегашните цени на Општина Битола.

„Што се однесува до пресметките еве ги бројките, па директорот барем тоа би можел, чесно да го направи за граѓаните на Битола и да им објасни дали ќе плаќаат поскапи или поефтини паркинг услуги. Од компаративната табела многу убаво се гледа дека граѓаните во период од 17:00 до 21:00 ќе плаќаат за 50% поскап паркинг за разлика од претходно. “. пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

68624222 1307733616055814 5356160312187813888 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани