Webp.net gifmaker

Обезбедени 45 милиони евра за погранична соработка на земјава со Грција

Септември 20, 2019

Европската Унија до 2020 година обезбеди 45,5 милиони евра за финaнсирање на проекти во пограничниот регион на нашата држава и Грција помеѓу општините од двете страни, нво секторот и граѓаните, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски на денешната прослава на Европски ден на соработка во Битола.

 

„Во периодот додека политичките односи меѓу двете држави не беа на највисоко ниво општините и невладиниот сектор и тоа како успешно соработуваа во најразлични сектори. Опремени се голем број на здрвстени установи во земјава, ефикасни енергетски фасади на јавните установи, реновирани се училишта, подобрена е заштита од катастрофи со набавка на опрема и обучување на тимови, финансирани се еколошки прокети и туризмот. Очекуваме оваа соработка да се интезивира уште повеќе посебно со добивањето на датум кој се очекува во октомври“, рече Милевски.milevski 2

Градоначалничката Наташа Петровска рече дека сите овие активности водат до отворени граници.

„Општина Битола во овој период работи на три актуелни прокети помогнати преку ЕУ фондовите проекти за градот кои овозможуваат и обезбедуваат подобри услови за граѓаните. Преку проектот „Бенефиt“ ќе се обезбеди подобра енергетска ефикасност на спортската сала „Боро Чурлевски“, Проектот „Интегриран систем за зелен транспорт“ треба да овозможи набавка на возила на електричен погон, а тука е проектот Cineculture, за зголемување на туристичката атракција на градот. Овие проекти се реализираат благодарение на поддршката од ЕУ“, истакна Петровска. 

Фрејк Јанмат, советник во Секторот за прекугранична соработка во Делагацијата на ЕУ во земјава истакна дека

„По 2020 година ЕУ за двете земји во следните шест години ќе обезбеди поддршка за реализација на нови прокети кои ќе доведат до уште поголема соработка на двете земји.site 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани