Каракачанов ја разбранува Битола

Февруари 01, 2020

Гоце Делчев самиот кажал и напишал чиј е, а за тоа на кој јазик зборувале Гоце Делчев и Браќа Миладиновски нема смисла да спориме во 21 век. На Австрија не и пречи да зборува германски јазик, а да биде независна држава, рече вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов на денешната промоција на книги за Тодор Александаров, полковник Дранго и други личности во Битола.

Доаѓањето на лидерот на ВМРО- Бугарска национална партија да ги промовира книгите токму во Битола, ги разбрануваа емоциите на битолчани. Пред самиот почеток на промоцијата за влакно беше избегнат инцидент откако музичарот Славчо Спировски Слав му упадна во збор и го негираше тоа што Каракачанов го кажуваше за Делчев.

Неговите луѓе го истуркаа настана и тој велезе во ресторанот од спротива. И Сојузоот на борци уште вчера побара да не се одржува промоцијата. Малата сала на Центараот за култура каде се случи настанот, пак, беше полна со гости, меѓу кои и битолчани. Дел се поздравуваа со гостите од Бугарија, а дел седеа дистанцирано да слушнат што ќе се каже.vmro 3

Каракачанов рече дека Тодор Александаров бил еден од најголемите историски личности што се родиле во Македонија, а дека цела Македонија дала многу големи личности како Григор Приличев, Браќа Миладиновци, Џинот, Гоце Делчев и други. Според него, Александров бил негиран во периодот на „југословенската држава Македонија“ од страна на Крсте Црвенковски, а исто така и од политичари во Бугарија кои го нарекувале фашист и националист. Но, рече дека песни за него се пејат до денес, а тие политичари сега се на буништето на историјата.vmro

За Гоце Делчев рече дека е јасно чиј е зашто и самиот го има нашишано тоа. Токму во тој момент му влезе во зборот музичарот Спировски, но беше отстранет.

Секој има право да постави прашање, а Гоце Делчев напишал сам каков е, нема смисла да се спори за глупости. На крај на краиштата има држава Македонија и Бугарија, во двете го почитуваат , во девете има споменици на Гоце Делчев. Но, да не спориме тој чиј е , најдобро е да прочитаме што тој напишал и сакал. Колку повеќе се чита историјата и се гледаат фактите внатре толку полеасно ќе се решат споровите. Спорот е политички, а историјата е очигледна. Но, да кажеш дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин зашто сакал бугарски пасош нема таква глупост. Во тоа време на никој не му требал пасош од Бугарија за да дојди да учи. Тој доаѓал да учи во Софија, а не одел во Атина, Белград, Петарбург, што има да спориме“, рече Каракачанов.

Осврнувајќи се на прашањето за јазикот, рече дека не гледа смисла во 21 век да се спори на каков јазик зборувал Гоце Делчев, Браќа Миладиновци и други.

„Глупаво е, земете ги Австрија и Германија има ли спор меѓу Виена и Берлин за тоа каков јазик зборуваат, на Австрија не ѝ пречи тоа да зборуваат германски, а да бидат суверена држава. Кипар и Грција земете ги има, ли спор на каков јазик зборуваат“, рече Каракачанов.

Во однос на преговорите меѓу Македонија и Бугарија рече дека тоа е политичко прашање и дека ако политичарите во Скопје се напредни и се за ЕУ и НАТО, секако дека ќе се реши.

Дел од медиумите и други интелектуалци посетата на Каракачанов ја оценија како нова провокација. Запрашан зошто токму во Битола ги промовира книгите рече дека бил поканеот од битолскиот Центар за култура „Иван Михалов“. Ако го покант и од друг град и таму ќе оди.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани