2win800x200

Јапонски грант за реконструкција на покривот од градинката „Коца Василева“ во Битола

Февруари 20, 2020

Потпишан е договор со Јапонска амбасада за грант од 69 000 евра за реконструкција на покривот на градинката ,, Коца Василева" во Битола. Исто така потпишани се и прокети за подобрување на училишната средина во основните училишта „Кирил и Методиј" во Прилеп во вредност од 57 илјади евра, во училиштето „Алија Авдовиќ" во село Батинци во Општина Студеничани во вредност од 57 илјади евра и во училиштето „Светозар Марковиќ" во Старо Нагоричане во вредност од 52 илјади евра. На потпишувањето на договорите присуствуваше и градоначалничката на Битола Наташа Петровска. 

 

Амбасодорката на Јапонија, Кеико Ханеда на вчерашното потпишување на овие проекти истакна дека со ова уште еднаш се потврдува силното пријателство и посветеноста на Јапонија во поддршката на социоекономските напори за реформи и за европска интеграција на нашата држава.

– Годинава успеавме да направиме десет нови грант проекти со нашите партнери од различни региони. Од 1996 година изведовме 148 проекти благодарение на владата, локална самоуправа и јавните установи на Северна Македонија, јапонскиот народ е среќен како пријател на вашата земја дека ќе имате придобивки од сите овие проекти. Јапонија ќе продолжи да ги поддржува вашите реформи и напори, а јас ќе направам се што е во моја моќ да го зајакнам нашето пријателство, рече амбасадорката.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани