2win800x200

Со новата установа поголема грижа за Киното „Манаки“ и Офицерскиот дом, вели Петровска

Мај 18, 2020

Новата општинска установа од областа на културата ќе отвори простор за што подобра искористеност и одржување на Киното „Манаки“ и Офицерскиот дом во Битола, рече градоначалничката Наташа Петровска. За формирање на новата установа советниците ќе расправаат во четврток на седница на Совет.

„Со новата јавна установа за култура ќе отвориме простор за менаџирање на објектите кои ќе бидат ставени во функција, Киното ‘Манаки’ со оремата и сите зафати од над 200 000 евра што ги вложи оваа локална самоуправа и Офицеркиот дом кој се реставрира. Решивме дека најдобро ќе биде со поставување на менаџмент кој целосно ќе се грижи за објектите, заштитата, нивната самоодржливост, успешно функционирање, како и за нивниот придонес кон туризмот во Битола бидејќи имаме голем потенцијал, а за жал години наназад тој не бил искористен“, изјави градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

 

Реставрацијата на Офицерскиот дом е во тек и треба да се спроведе годинава, доколку sе оди според планот. За реставрација и адаптација на Офицерскиот дом обезбедени се над милион евра од ИПА 2 програмата на ЕУ. Општината направи анализи, онлајн анкетни прашалници, средби со стопанственици и невладини организации за да го сондира мислењето на граѓаните за идната намена на Офицерскиот дом.

„Дефинитивно ќе биде центар за култура, место каде ќе има простор граѓаните да ги следат културните настани и вредности на градот, простор каде ќе можи сетоа она што било оставено под завесата на времето низ годините да биде отворено со функционални поставки, тоа ќе биде еден мултифункционален културен комплекс“, рече Петровска.

Таа додаде дека за алтерантивна сцена за потребите на младите се подготвува друго место зашто за да биде таа сцена во Офицерскиот дом , тоа ќе треба да се усолгасува со Управата за заштита на културното наслество.

Инаку, додаде дека во градот има објекти како културни, така и спортски кои со години беа оставени на заборот на времето или префрлени во нечија одговорност само како проформа, без буџет и други можности.

„Слична приказна имаме и со објектите поврзани со спортот. Донесувале некакви ад хок одлуки, проформа одлуки кои требало да прикажат дека неводно некој водел грижа за местото, но времето покажува дека нити се водело грижа, нити биле ставени во функција или нити бил оптимално извлекуван профитот со тие објекти. Таа приказна целосно ќе се промени. И во Спортската сала веќе влегуваме со градежни активности, ќе влезиме и со санација на Кумурното игралите. Но, ништо не сте направиле доколу сте подигнале објект, сте реконструирале, а при тоа не сте организирале како сето тоа да се одржува“, додаде Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани