Давор и Давор со емотивна музичка изведба на песната ,,,Ain't no love in the heart of the city" од ,,Whitesnake"

Мај 25, 2020

Имењаците од Горната гимназија, Давор Стефановски и Давор Георгиевски, ја воодушевија битолската јавност со емотивната изведба на хитот од рок бендот ,,Whitesnake" насловен како ,,Ain't no love in the heart of the city" (,,Нема љубов во срцето на градот") по повод патрониот празник на училиштето. 

Во онлајн изведбата Давор Стефановски е вокален изведувач, а Давор Георгиевски свири на гитара. Двајцата талентирани гимназијалци досега настапувале скоро во сите приредби и настани на Гимназијата ,Јосип Броз- Тито" во Битола, откако се во школските клупи во ова училиште. Инаку, двајцата се од математички клас, трета година, но вљубеници во рок музиката. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани