Креативноста и вредните раце на учениците од текстилната насока од СОУ „Таки Даскалот“ во Битола, под менторство на нивните наставници, прават вистински чуда. Овие средношколци во изминатата пандемиска учебна година, има многубројни активности, а деновиве беше органзирана изложба на  дела изработени од нив . Наставната програма која се спроведува и реализира нуди можност за добивање на вештини во дизајнирање и изработка на облека.

Делегација од Општина Битола, предводена од заменик градоначалничката Емилија Костурски, во која учествуваа и советничката Ристенка Алтипармаковска и раководителот на одделението за комунални дејности Маријана Спасевска, заедно со ученици од гимназијата „Јосип Броз Тито“ во придружба на професорот по историја Иле Трајковски и директорката Фани Наумовска, престојуваа во неколку дневна посета на збратимениот град Епинал во Франција.

Седумнаесет средношколци од Битола, кои во минатата учебна година освоија прво место на државните натпревари, денеска добија парична награда и од општиснкиот буџет, од ставката разни трансфери во програмата градоначалник.

Наредната учебна година во седумте средни државни училишта во Битола, се отвараат вкупно 1966 слободни места за полуматурантите, јавува ТВ „Тера“. Бројката во Конкурсот на Министерството за образование е поголема од минатите години. Годинава во средносто Економско училиште е предвидена уште една паралелка. Ако минатата година со 4 годишно образование имаше 3 паралелки, годинава има 4 паралелки , и плус една паралелка со тригодишно образование.

Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола и  средното општинско училиште “Таки Даскалов“ – Битола, денеска  во просториите на библиотеката го одбележаа Меѓународениот ден на подарување на книга, Денот на вљубените и православниот празник „Св.Трифун“  со рецитирање на поетски творби од македонската љубовна лирика.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани