Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денес ја посети гимназијата „Јоспи Броз Тито“ од Битола каде беше потпишан уште еден петгодишен договор за соработка со Француската алијанса што овозможува размена на ученици и соработка на многу проекти.

Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние при денешната посета на Општина Новаци рече дека тука има спомени кои му лежат на срце и дека чувствува оти ова место има дел и од неговата историја. Тој откри дека неговиот чичко Ловел Риш, по професија ликовен уметник, бил со француските војски на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна. Храброста и ужасите на војниците, како и страдањето на цивилното население го претставил на своите уметнички дела.

"Ќе ни престојат голем број на соработки, но и напори за да видиме што поголем број на француски претпријатија што поприсутни во Битола и поголема културна соработка со Битола. Наскоро високи француски делегации ќе ја посетат Битола зашто е град кој ни е при срце“, рече францускиот амбасадор Кристиан Тимоние при посетата на Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани