2win800x200

Мајмунчето Лука, кое осум месеци мина во Зоолошката градина во Скопје, се врати во Зоолошката во Битола откако комплетно се реновираше неговото живеалиште. Во Скопје беше однесено зашто кафезот во Битола беше стар и ги немаше потребните услови.

„По само шест месеци од едно старо живеалиште кое го карактеризираа како да не наликува на живеалиште за денешни услови, старо 70 години, го претвориме во ново живеалиште со сите потребни услови, од парно, проширени внатрешен и надворешен дел , комплетна санација која нѐ чинеше околу еден милион денари за градежниот дел, од кои 500.000 денари беа обезбедени од Општина Битола, остатокот од Битолската зоолошка, а железната конструкција беше од ФОД“, рече Марјан Наловски, директор на Зоолошката градина во Битола.

Директорот рече дека мајмунчето кое е од сортата павијани добро се прилагоди во новото живеалиште. Покрај Лука, од Зоолошката градина во Скопје добија и три мајмунчиња патаси, женски ној и змија боа.

 

Лука ѝ е познат на јавноста по тоашто кога се роди мајката го отфрли, па вработените од Скопската зоолошка се грижеа за него. Потоа, беше подарено во Битола. Но, пред осум месеци на социјалните мрежи се крена голема прашина околу старото живеалиште на Лука, па мајмунчето назад си го побара и врати ЗОО градината од Скопје. Тогаш одредени здруженија побараа затворање на Зоолошката во Битола.

Советничката Тања Крнчева денес изјави дека Зоолошката во Битола не само што нема да се затвори и да се дислоцираат животните, туку ќе се претвори во едно од најубавите катчиња на Тумбе кафе. За в година најави дека ќе ги започнат пристапните преговори со ЕАЗА-Европска асоцијација на зоолошки и аквариуми.122590000 2820588761559140 192736565837956532 n

„Дури и во услови на правно нерешен статус зашто Зоолошката е под капата на Министерството за култура и се’ уште го бара своето место институционално, овој мал, но вреден колектив со натчовечки напори се обидува да даде достојна грижа за жителите. Тоа не е секогаш сјајно и за жал, не е доволно зашто верувале или не, имаме ситуација во која делови од оваа Зоолошка не се санирани 70 години. За тоа да се направи сѐ потребни крупни и сериозни инвестици. Но, локалната самоуправа безрезервно дава поддршка, финансиски и логистички, и ќе продолжи”, рече Крнчева.122497359 1663794343795853 3606499008839186467 n

122299952 620873008581455 4801136904700450272 n

122465152 1016178685515585 5176328041106606456 n

122526651 402208437454279 7735364870113148730 n

Поради еден стар кафез не може да се бара затворање на Зоолошката градина во Битола која е единствена во југозападниот регион, вели директорот Марјан Наловски. Веќе два дена на социјалните мрежи се врти фотогрфија од мајмун во стар кафез со лоши услови во битолската Зоо градина, што предизвика бурни реакции од граѓаните.

Наловски не негира дека имаат еден стар кафез за мајмуни, но дека истиот планираат годинава да го реновираат. За кафезот веќе е направен елаборат и издадена е градежна дозвола. Но, состојбата е таква што ќе бара детална обнова, односно одново да се изгради. Кафезот во изминатиот период не бил реконструиран попради економнска неисплатливост зашто не е поврзан на новата канлизациона мрежа и водовод..

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани