2win800x200

Шо рече

Во земјава има вкупно 500 пациенти оздравени од коронавирусот, а само денеска се регистрирани 126 оздравени.
Во изминатите 24 часа направени се 335 тестирања, а потврдени се 19 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во:
- Скопје 3
- Куманово 8
- Прилеп 2
- Струга 2
- Велес 2
- Гостивар-1
- Виница 1
Со ова вкупната бројка на КОВИД-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1386 лица. Досега во земјата се направени вкупно 15.120 тестирања.
Во ГОБ „8 септември“ починаа 2 лица, пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на 03 април со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и 73 годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба, информираа од Министерото за здравство. 

Откриен несовесниот возач од вчерашниот инцидент со рампата за дезинфекција, соопшти на својот фејсбук профил градоначалничката Наташа Петровска. 


„ Благодарност до СВР Битола за успешно завршената истрага. Почитувани, никој не смее да се дрзне да избега од местото на сторен прекршок. Во прашање не е само оштетата, во прашање е загрозувањето на безбедноста на граѓаните“, напиша Петровска. 
 
Вчера несовесен возач ја оштети дезинфекционата рампа на влезот на Битола од страната на Прилеп. Откако веста се рашири низ социјалните медиуми, дел од битолчани наместо да ја осудат постапката , се смееја и мајтапеа на фејсбук. Петровска напиша дека рампата веднаш била санирана, случајот пријавен во СВР и апелираше дека треба да се чуваат работите направени за доброто на сите граѓани.
Ж.З.  
Пишува: м-р Марија Младеновска Димитровска, психолог

Здравствени работници се скоро половината од заразените пацинети со КОВИД-19 регистрирани на територијата што ја покрива Центарот за јавно здравје од Битола. Според информацијата објавена од Центарот, до вчера на територијата на Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар замени за испитување се вкупно 239 брисеви, од кои 20 лица се позитивни на коронавирусот. Од нив 17 се од Битола, едно од Демир Хисар и 2 од Кичево. Од вкупниот број на потврдени случаи 9 лица се здравствени работници или од тие 20 дури девет.

Во врска со случајот кој е во Битола дијагностициран, а кој неколку дена лежел на Интерното одделение има информации дека бил во дел за изолација. Но, има неколку различни ставови и мислења,  тој случај ќе го истражи Државниот санитарен и здравствен инспекторат уште во следните денови. После направениот увид во целата ситуација ќе излеземе со соопштение", рече министерот за здравство Венко Филипче. 

Пациентот беше примен во Болницата на 10 април, следниот ден му беше земен брис, а резултатот беше готов вчера. На социјалните мрежи имаше реакции дека  долго време се чекал резултатот што во ризик ги довело медицинските лица кои го лекувале пациентот. Директорката на Болницата денес изјави дека било постапено според протоколите и самата го повика Државниот санитарен инспекторат да го провери случајот. 

 

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ од Могила Оливер Ристески си поднесе оставка откако деновиве МВР во својот Билтен објави дека бил затекнат како се движи од селото Древеник до Долно Српци во полициски час без дозвола и како со други лица влечат исечени дрва во трактор. Иако и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој е од истата партија со него, на прес конфреренција потврди дека таков настан имаше, Ристески изјави дека против него се води политичка хајка, а потоа си даде оставка.

Васко Ковачевски е избран за шеф на Регионалниот изборен штаб за претстојните парламентарни избори за изборната единица пет. Оваа одлука на 9 април ја донесе Централниот изборен штаб на владеачката СДСМ, дознава Апла.мк. 

 
 
Дванаесет прекршувања на полицискиот час кој трае цел викенд досега се регистрирани на територијата на општина Битола, соопштија од Битолската полиција.  На улица без дозвола за движење биле затекнати осумина возрасни битолчани и четири деца. Четворица се приведени, а други четворица се опоменети. 

Државниот пазарен инспекторат заедно со полицијата во средата затвориле кафана во битолската стара чаршија која работела на сред бел ден, рече Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека се следат сите пацинети заболени од КОВИД-19 кои се во домашно лекување, а двајца од нив се веќе негативизирани уште во текот на вчерашниот ден. 

Инаку, во Клиничката болница има четворица пацинети , тројца од нив се во стабилна состојба, а еден пацинет е на кислородна поддршка. 

Донесените заклучоци на денешниот состанок Општинскиот кризен штаб се следните:

  1. Се повикуваат сите економски оператори и маркети на територијата на Општина Битола кои се регистрирани за онлајн продажба, дека ќе може да вршат достава на намирници за итни и неодложни потреби за време на полициски час, во деновите сабота и недела. Истите задолжително мора да испратат барање до Кризниот штаб на Општина Битола на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до петок до 12 часот. Сепак, препорака на Кризниот штаб е граѓаните да ги завршат набавките до петок, пред полицискиот час.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани