Прием на светската рекордерка Оливера Наковска Бикова од градоначалничката Петровска

Јуни 01, 2018

Битолската градоначалничка Наташа Петровска ѝ го честиташе бронзениот медал на  светската рекордерка Оливера Наковска Бикова, освоен на Светското првенство во Чеонгју, Јужна Кореја, што се одржа од први до 12 мај.

 

Светската рекордерка на денешната средба во општина Битола, гостуваше заедно со претседателот на Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди, Васко Стефановски.

Првиот ден, во дисциплината спорт – пиштол, 25 метри микс, во која учествуваа мажи и жени, во официјалниот дел со резултат од 569 круга, Наковска – Бикова обезбеди квота за директно учество на Параолимписките игри во Токио 2020. Од осум натпреварувачи, Наковска – Бикова, беше единствената претставничка од понежниот пол. Трето место,  бронзен медал, Наковска – Бикова го освои во дисциплината воздушен пиштол 10 метри со резултат од 570 круга, со што го изедначи светскиот рекорд.

На денешната средба, градоначалничката Петровска, поддржувајќи го успехот, искажа подготвеност за понатамошна поддршка на спортистите со инвалидитет.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани