Чествување за Мустафа Кемал Ататурк во Битола

Ноември 10, 2017

Со едноминутно молчење и пеење на химната на Република Турција, утрово во Спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк во Завод и музеј- Битола беше одбележана 79 годишнината од смртта на таткото на модерната турска држава и еден од најзначајните светски лидери на 20 тиот век. Организатори на настанот беа Македонско-турското здружение ''Мустафа Кемал Ататурк''-Битола, ''Ататуркчулер Дернеи'' од Скопје и СФЕРА-Битола.

 

Просторијата беше претесна да ги прими сите гости кои дојдоја од Турција, Германија, како и од повеќе македонски градови. Ученици, новинари, почитувачи на ликот и делото на Ататурк... На манифестацијата, која за отворена ја прогласи организаторот, Шенол Мемиш, говореа новинарот Али Мерџан, проф. др. Кемал Ари, претседателот на Европскиот Сојуз на здруженија-поддржувачи на Ататурк, др. Мустафа Тосун, професори и ученици на Универзитетот ''Визјон'' од Гостивар, волонтери на СФЕРА и други.

''Мустафа Кемал Ататурк дел од своето образование го завршил во Битола, градот во кој денес се наоѓа најубавата спомен соба посветена на овој државник и воен стратег, надвор од Република Турција. Нашето здружение секоја година со бројни гости од земјата и странство го одбележува денот кога не напушти првиот претседател на модерната турска држава, реформатор кој од една заостаната феудална држава, направи модерна држава по западен терк, денес една од најсилните воени и економски земји во Европа и Азија. Неговото дело е од непроценлива важност за турскиот народ'', рече претседателот на Македонско-турското здружение ''Мустафа Кемал Ататурк''-Битола, Шенол Мемиш.received 1633401363390270

Настанот го следеа и бројни медиуми од Република Турција, кои допатуваа во Република Македонија да ги следат настаните кои се одржуваат во повеќе градови посветени на Мустафа Кемал Ататурк.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани