2win800x200

Еко-акција за почиста Општина Могила

Октомври 07, 2019

Во 17 населени места во Општина Могила се реализира еко-акцијата за почиста Општина Могила, која беше во организација на локалната самоуправа, ЈКП Пела Хигиена и трите централни училишта од општината.

Градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска, задоволна од одзивот на граѓаните истакна дека со тимска работа може да се спорведат заеднички акции кои ќе остават позитивен печат за заедницата.

 

мог 5

“Прекрасната и разновидна природа е едно од најголемите богатства на нашата општина. Како вљубеник во природата, забележувам дека загадувањето е голем проблем кој ги загрозува овие природни убавини. Иако континуирано и секојдневно Јавното комунално претпријатие Пела Хигиена ги извршува своите работни задачи во сите населени места во Општина Могила, сепак има несовесни граѓани кои ѓубрето го фрлаат на несоодветни места. Единствен начин да се реши овој проблем е заеднички пристап меѓу државните институции, бизнис секторот и граѓаните, а тоа е и причината поради која сме тука денес: со нашиот мал придонес да поттикнеме големи промени.

Свесни сме дека ова е можеби симболичен придонес, но се надеваме дека со оваа еко-акција ќе испратиме порака до целата заедница како сите ние треба да се однесуваме кон животната средина. Како Општина целосно сме посветени и работиме кон остварување на нашите, но и на националните цели и таргети во поглед на управувањето со отпадот од амбалажа. Со оваа еко-акција даваме придонес кон оставарување на тие цели. Се надевам дека со нашиот денешен пример ќе ги поттикнеме и останатите луѓе и компании во земјата да преземат конкретни акции со кои ќе ја зачуваме природата чиста и здрава.

Бројот на граѓани кои волонтерски се вклучија во оваа акција ги надмина нашите очекувањата и докажа дека со волја, позитивен пристап  и тимска работа можеме да спроведеме заеднички акции кои оставаат позитивен печат на заедницата. Општина Могила е силно посветена кон минимизирањето на отпадот во животната средина и во таа насока сакаме да демонстрираме дека вредностите што ги споделуваме не се декларативни, туку суштински.” - изјави Јасмина Гулевска, градоначалник на Општина Могила.

мог 1

Од Општина Могила велат дека вакви еко-акции ќе бидат спроведени и во наредниот период, се со цел да се искоренат дивите депонии од сите населени места во општината.

На големата еко-акција за почиста Општина Могила, учество зедоја вработените во Општина Могила, вработените од ЈКП Пела Хигиена, ученици и наставен кадар од трите централни училишта во општината, здруженија на граѓани.

мог 2

мог 3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани