Webp.net gifmaker

За првпат по шест децении се реконструира спортската сала во ОУ "Д-р Трифун Пановски"

Октомври 15, 2019

Општина Битола започна комплетната реконструкција  на спортската сала во ОУ „Д-р Трифун Пановски, која е првата училишна спортска сала изградена во битолските училишта. 

 Trifun Panovski sportska sala 07

Со градежните активности кои се во тек, ќе се изврши комплетна промена на таванот во салата, ќе биде поставен паркет, ќе се реконструираат ѕидовите, ќе бидат направени нови соблекувални, а комплетно ќе биде променета и состојбата во ходниците каде ќе бидат поставени плочки, а просторните услови ќе добијат целосно променет лик и услови адекватни за учениците.

Инвестицијата е над 900 илјади денари.

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска и директорот на училиштето, Пеце Димовски, денес ги посетија изведувачите на градежните активности во спортската сала, притоа разговарајќи за динамиката со која се одвиваат работите. 

За среќа на околу 300 ученици кои ја користат спортската сала во ова училиште, но и на голема радост и на наставниците кои држат часови во овој простор, за многу кратко време, досегашната слика на запуштеност и неуреденост, комплетно ќе биде променета. 

Trifun Panovski sportska sala 09

Спортската сала во ОУ "Д-р Трифун Пановски" е изградена во 1956 година и досега во 63 годишното постоење ова е прва инвестиција во овој спортски објект

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани