Поради големиот интерес два концерти во еден ден на „Фрајле“ во Битола

Февруари 20, 2020

Огромен интерес покажа битолчани за гостувањето на новосадскиот женски квартет „Фрајле“ закажан за 29 февруари година во Центраот за култура во Битола. Поради голема навалица на битолчани кои бараа карта плус, Центраот издејствува „Фрајле“ во последната сабота од овој месец во Битола да одржат два последователни концерта.

Едниот концерт ќе се одржи со почеток од 18 часот, а вториот кој почетно беше закачан за 20 часот истата вечер, е поместен за 21 часот. За вториот концерт, кој требаше првично да биде и единствен, картите се разграбаа во рекордно време. Поради ова, публиката која не успеа да купи билети за овој концерт може да набави за оној од 18 часот.

Интересот е толку голем што од Центраот соопштија дека се направени вкупно 300 резервации, а останатите 400 билети ќе можат да се набават на билетара оваа сабота со почеток од 10 часот.

 

Четирите дами Невена, Јелена, Марија и Наташа познати по нивната појава и музички стил кој се толкува како „Војводинско танго” во 11- годинишното музичко патување го пропатувале половина свет со својата музикa, а одржале и редица бесплатни концерти во болници и детски градинки.

Ж.З.

                                                     

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани