Книгата и љубовта-поетско читање во битолската библиотека

Февруари 14, 2018

Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола и  средното општинско училиште “Таки Даскалов“ – Битола, денеска  во просториите на библиотеката го одбележаа Меѓународениот ден на подарување на книга, Денот на вљубените и православниот празник „Св.Трифун“  со рецитирање на поетски творби од македонската љубовна лирика.

Поетски творби читаат средношколците Божидар Николовски, Сара Ристевска, Анастасија Димовска, Магдалена Јаневска, Теодора Танасовска и Александар Ивановски.

- Библиотеката во рамките на своите активности за приближување до младата генерација  со цел да се промовира книгата  за сите возрасти, денес имавме исклучителна прилика да соработуваме со СОУ „Таки Дасалот“ од Битола. Учениците од ова средно училиште подготвија избор од македонската  љубовна поезија. Сметаме дека е добро да се одбележуваат ваквите празници и да имаме едно позитивно влијание врз младата генерација, особено онаму каде што библиотеката може нешто да направи за нив. Тие се заблагодарија на бибилиотекарите што постојано се со нив, за она што библиотекрот може да придонесе за нивниот личен и професионален развој, за се она што за нив како информација е релевантна. Се недавме дека ваков тип на активности ќе ги препознаат и другите училишта и во следниот периот ќе ја зацврстиме соработката со нив, изјави Јелена Петровска, директор на НУ УБ „Св. Климент Охридски„-Битола

На крајот на настанот на сите присутни им се поделија маркери.

Во холот на библиотеката поставена е тематска изложба на книги за љубовта и виното.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани