Акцијата ,,10 милиони евра за 10 илјади инвертери” донесе повеќе високоефикасни инвертер клими за домаќинствата од тоа што се очекуваше. Акцијата спроведена во Скопје, Тетово, Кичево и Битола во текот на 2020/2021 со средства од АД ЕСМ во износ од 10 милиони евра и со одлука на Владата на Р. Северна Македонија, обезбеди чисто греење за голем број домови во општините со регистрирана највисока аерозагаденост и напуштање на греењето на цврсти горива кои загадуваат.

За остварување на оваа мерка владата му препорача на Управниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), во рамките на акумулираната добивка, да донесе одлука за обезбедување средства во висина од 618.000.000 денари за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди.

Владата ги префрли средствата во наменски фонд, од каде се распределија на Град Скопје, општина Тетово, општина Кичево и оштина Битола.

Субвенционирањето се реализираше по принципот „прв дојден, прв услужен“.

За субвенции во Скопје можеа да аплицираат и домаќинставата од општините кои не се во склоп на Град Скопје односно Арачиново, Сопиште, Илинден. Предност во процесот имаа семејствата кои имаат месечни приходи до 30.000 денари.

Градот Скопје наместо предвидените 5200, досега додели 6150 субвенции за инвертери, затоа што дел од субвенционираните баратели имаа потрошено помалку средства од предвидениот максимум од 62 илјади денари.

За акцијата беше доделен буџет од 322.400.000,00 денари, исплатени се 298.416.632,00, а останати 23.983.368 денари, кои се доволни за уште околу 400 инвертери за кои ќе биде распишан нов повик.

Инвертерите се доделени во следните општини:

Кисела Вода 1184

Ѓорче Петров 1058

Гази Баба 947

Бутел 718

Чаир 704

Карпош 630

Аеродром 542

Центар 306

Сарај 226

Шуто Оризари 167

Други 15

Општина Кичево наместо предвидените 800 клима уреди, додели 810, затоа што останале средства од предвидениот буџет.

По завршувањето на акцијата од добиени 49.496.058,00 денари останати се 103.942,00 денари.

Покриена беше територијата на цела општина, аплицираа баратели со живеалишта и од град и од село, со тоа што во најголем процент од околу 90% барателите беа од Кичево.

Општина Тетово наместо предвидените 1500 субвенции, додели 1589 клима уреди бидејќи исто така и во оваа општина останале средства.

Субвенциите од вкупно 92.700.000 денари биле целосно поделени, во Тетово и населените места Порој и Голема Речица.

Општина Битола доби 155 милиони денари за акцијата, од кои останале помалку од 1 милион денари. Досега се доделени 2500 инвертери, пиушува во соопштението на ЕСМ.

Општина Битола започна со исплатата на средствата по објавениот Јавен повик за субвенционирање на домаќинствата во Општина Битола за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди, информираат од Општина Битола

Апликантите од конечната листа, по утврдениот распоред за достава на документацијата потребно ќе биде физички да ги достават во оригинал сите документи поднесени при електронското аплицирање, дополнети со:

Крајниот рок за поставување на прашања за апликантите кои не се наоѓаат на прелиминарната листа објавена во врска со јавниот повик за субвенционирање на домаќинства во општина Битола за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди е до 30.10.2020 година до 14.00 часот на мејл адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Во испратеното барање за информација (барање за одговор на прашања), задолжително, потребно е да стои и бројот на предметот за кој се бара информацијата.

Крајниот рок за одговор на поставените прашања е 04.11.2020 година до 12.00 часот, по што ќе следува објава на конечната листа.

Потоа, апликантите од конечната листа, по утврден распоред за достава на документацијата потребно ќе биде физички да ги достават сите документи поднесени при електронското аплицирање, така што профактурата ќе биде заменета со фактура со исти податоци и содржина, како и профактурата, (апликантите кои аплицирале со фискална сметка, ја доставуваат фискалната сметка во оригинал), барањето своерачно потпишано од апликантот (се внесува датумот на аплицирање и бројот на предмет добиен при аплицирањето), и изјавата заверена на нотар. Дополнителен прилог на оваа документација, потребно е да биде испечатена фотографија од печката на дрва, која ќе биде заменета со инвертер клима уредот.

Општина Битола, им препорачува на сите економски оператори кои издале профактура, после објавувањето на конечните листи, да им овозможат на граѓаните комплетирање на документацијата согласно член 7 став 4 од Правилникот за субвенционирање, каде меѓудругото стои: „Добитниците на субвенција кои поднеле барање за плаќање кон трговското друштво односно трговецот поединец, за исплата на субвенцијата треба да достават фактура од трговското друштво, односно трговецот поединец, издадена врз основа на про - фактурата доставена со барањето за субвенционирање. Исплатата кон трговското друштво, односно трговецот поединец ќе се врши рок од осум дена по доставувањето на фактурата“.

 

Општина Битола за десетина дена ќе ги објави резултатите од јавниот повик за субвенционирање на средства за инвертер клима уреди, а поднесените апликации ги разгледува 15 члена комисија. Граѓаните имаа можност да се пријавуваат на јавниот повик од 18 септември до 2 октомври
Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани