НАЈНОВИ ВЕСТИ

ПОЛИТИКА

Зоран Стојчевски го избра новиот Извршен и Надзорен одбор на ОО на СДСМ Битола

Зоран Стојчевски го избра новиот Извршен и Надзорен одбор на ОО на СДСМ Битола

18 Јун, 2026 ПОЛИТИКА

Зоран Стојчевски претседател на ОО на СДСМ Битола со акламација доби поддршка за  новиот Извршен и Надзорен одбор на  Општинска конференција на СДСМ Битола што се одржа вечерва во партиската сала. За секретар на ОО на СДСМ Битола е избран Дејан Србиновски, организациски секретари се  Димче Дамчевски и Борче Корлевски.   "Претседателот Зоран Стојчевски ги предложи членовите на Извршниот и Надзорниот одбор кои со акламација беа поддржани и изгласани од Делегатите на општинската конференција.   Специјални гости на конференцијата беа, Заменик претседателката на СДСМ - Фани Каранфиловска и Организацискиот секретар на СДСМ - Љупчо Фармаковски, објави ОО на СДСМ Битола. Надзорниот одбор го сочинуваат Дејан Стојков, Пеце Зуламовски, Нада Паскова, Славчо Дуковски и Ѓорги Ицков. Во Извршниот одбор се избрани членовите Благој Лазаров, Анета Сердарова, Весна Баковска, Ѓорги Ѓоргиевски, Бисера Петровска Аргиновска, Пеце Танчевски, Лидија Неделковска,  Андреј Гулабовски, Дијана Станковска, Дејан Србиновски, Катарина Каровска Дамчевски, Влатко Шеровски, Зоран Степановски, Валентина Стојковска, Омер Алиевски, Јулијана...

ХРОНИКА

Голема кражба на градилиште на пречистителна станица во Пелагонија

Голема кражба на градилиште на пречистителна станица во Пелагонија

27 Јун, 2026 ХРОНИКА

На 26.06.2026 во СВР Битола е пријавено дека биле одземени потопни пумпи и агрегат за струја во атар на с.Добромири, сопственост на приватна фирма која гради пречистителна станица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. Деновиве започна изградбата на уште еден голем и исклучително значаен проект за жителите на село Добромири – пречистителна станица, изградена според најсовремените стандарди за заштита на животната средина. Со реализацијата на овој проект ќе се заокружи целокупната изградба на канализационата мрежа во селото, обезбедувајќи современо, безбедно и еколошки одржливо решение за третман на отпадните води, објави Општина Новаци .

Култура

Во Македонскиот КИЦ во Софија отворена изложба за творештвото на браќата Манаки

Во Македонскиот КИЦ во Софија отворена изложба за творештвото на браќата Манаки

27 Јун, 2026 КУЛТУРА

Синоќа во Македонскиот КИЦ во Софија беше отворена изложбата „La Belle Epoque – Истокот и Западот, битолската мода низ објективот на Манаки“, во организација на НУ Центар за култура Битола и Државниот архив на Р. Македонија, одделение Битола, избор на фотографии и реализација на изложбата: м-р Гоце Стојановски и Димитар Ѓорѓиевски. Директорот на Македонскиот КИЦ во Софија, Зоран Пејковски објави дека оваа културна вечер е посветена на творештвото на браќата Манаки – пионерите на балканската фотографија и кинематографија, чие дело и денес претставува непроценливо сведоштво за историјата, културата и духот на едно време. "Вечерта не претставува само отворање на изложба и филмска проекција, туку средба со едно извонредно културно наследство кое ги надминува времето и просторот, бидејќи делото на браќата Манаки не е само уметност, туку тоа е визуелна хроника на животот, документ за едно општество во развој и трајна меморија за културните и општествените промени на Балканот. Во рамките...

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани