Webp.net gifmaker

Подземна сообраќајница кај „Епинал“ и подземна гаража, дел од приоритетите на Кондовски

Септември 27, 2021

Лично сум подготвен да го вложам најдоброто од себе, да го инспирирам најдоброто во сите нас - заедно, чекор по чекор, да го оствариме најдоброто за нашата Општина!, рече на првата официјална пресконфернција кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и колацијата Христо Кондовски. 

-Битола ја замислувам како развиена и перспективна Општина во која вреди да се живее, да се работи и создава, тука да се основа семејство, да се твори и спокојно да се старее. Град полн со живот, чист и раздвижен, економски развиен, урбанистички современ, инфраструктурно обновен, рече Кондовски.

Набројувајќи ги проектите Кондовски ги откри своите планови за Битола доколку го добие мандатот на локалните избори. 

-Ви ветувам ии ги прокетите Кондовски вети се обврзувам на целосно ослободување на севкупниот општински потенцијал преку изработка на нов ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН, како услов за економски развој и просперитет на Битола.

Пробивање на ПОДЗЕМНА СООБРАЌАЈНИЦА кај хотел „Епинал“ и изградба на ПОДЗЕМНА ГАРАЖА!

Битола ќе стане ВЕЛОГРАД преку изградба на ВЕЛОСИПЕДСКА МРЕЖА која ги поврзува сите големи улици протегајќи се кон Ниже Поле и Националниот парк Пелистер.

Ќе извршиме модернизација и реконструкција на трите ГРАДСКИ СООБРАЌАЈНИ ВЛЕЗОВИ според сите безбедносни стандарди.

Ќе направиме реконструкција и изградба на локалната ИНДУСТРИСКА АРТЕРИЈА која ги опфаќа ул. „Индустриска“ и ул. „Индустриски пат“.

Ќе изградиме  МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН СПОРТСКИ ЦЕНТАР во кој се предвидени фудбалско, кошаркарско и тениско игралиште, затворен базен и аква парк, како и хотелски комплекс!

Ветувам формирање на ТЕХНОЛОШКИ ПАРК кој ќе овозможи младите да ги реализираат своите бизнис идеи преку финансиска, кадровска и административна поддршка.

Проектот ЗЕЛЕНА БИТОЛА опфаќа развивање на зелените површини на ТУМБЕ КАФЕ, зголемување на зелените градски површини за 30% и изградба на нови детски паркови.

СУБВЕНЦИИ за енергетски ефикасни фасади, велосипеди, плински уреди за возила, како и за набавка на хибридни или електрични возила.

ГАСИФИКАЦИЈА и ТОПЛИФИКАЦИЈА со кои ќе бидат опфатени првите индустриски капацитети и 35 јавни објекти.

Локалниот СКИ ЦЕНТАР НИЖЕ ПОЛЕ ќе добие современа опрема за заснежување и правење на вештачки снег, а ќе се заменат и трите СКИ ЛИФТОВИ со нови!

ЗООЛОШКА ГРАДИНА ќе добие просторно проширување, зголемување на животинскиот фонд за 20%, активен истражувачки центар, работилници и ветеринарна амбуланта.

Со овие, но и со многу други проекти, мерки и решенија заедно со носителот на советничката листа и кандидатите за советници ќе го посетиме сечиј дом, ќе разговараме со секого од вас.., барајќи ја вашата доверба, за токму тоа – НАЈДОБРОТО ЗА НАШАТА БИТОЛА!, рече Кондовски. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани