Webp.net gifmaker

Да се биде битолчанец не е само привилегија, туку аманат, рече Кондовски

Септември 27, 2021

Да се биде битолчанец, не е само привилегија, туку аманет да ја унапредиме нашата Битола во сите области на општественото живеење. Лично сум подготвен да го вложам најдоброто од себе, да го инспирирам најдоброто во сите нас - заедно, чекор по чекор, да го оствариме најдоброто за нашата Општина! Ќе бидам градоначалник на сите граѓани, секогаш отворен и достапен за комуникација, порача канидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата Христо Кондовски на митингот во Битола.

„Им честитам и им се заблагодарувам за досегашниот домаќински ангажман во Општината и на градоначалничката Наташа Петровска и актуелните советници. Создадоа одлична основа за идниот развој на Битола. Битола ја замислувам како развиена и перспективна Општина во која вреди да се живее, да се работи и создава, тука да се основа семејство, да се твори и спокојно да се старее. Град полн со живот, чист и раздвижен, економски развиен, урбанистички современ, инфраструктурно обновен. Привлечна туристичка дестинација, кој пулсира во духот на културата и забавата. Битола во која спортот и рекреацијата се секому на дофат, а спортските клубови - национална гордост. Посебно место во мојата визија има ФК Пелистер кој сега е во незавидна ситуација. Но, ветувам дека за многу скоро ќе се најде во рацете на сериозен инвеститор со кој Пелистер ќе го однесеме на европските терени! ФК Пелистер ќе биде и битолска и национална гордост, а Чкембарите горди навивачи! Тоа е мојата визија, тоа е нашата визија, а за истата е изработена досега најдобрата локална изборна програма. Најдобра е затоа што извира од реалните потреби на граѓаните и потребата за севкупен локален развој, не само на градот туку и на руралните области во нашата Општина“, рече Кондовски.

Тој ги претставив 10-те топ проекти со кои бара доверба од битолчани.

„Ќе го ослободиме севкупниот општински потенцијал преку изработка на нов ГУП како услов за економски развој и просперитет на Битола. Токму на местото од каде се обратив вечерва, на плоштадот Гоце Делчев, после 4 години ќе стоиме над подземна сообраќајница и подземна гаража. Плоштадот Гоце Делчев ќе добие нов лик, а Широк Сокак ќе стане континуирана пешачка зона. Битола ќе биде велоград! Ќе изградиме велосипедска мрежа која ги поврзува сите големи улици во градот и булеварот 1-ви Мај, се до рекреативниот центар Ниже Поле и националниот парк Пелистер“, рече Кондовски.

Понатаму, наброи дека ќе извршат модернизација и реконструкција на трите влезови, ќе го забрзаат локалниот индустриско-економски развој преку обнова и изградба на локалната индустриска артерија која ги опфаќа улица „Индустриска“ и „Индустриски пат“. Битола ќе добие голем мултифункционален спортски центар со фудбалско, кошаркарско и тениско игралиште, затворен базен и аква парк, технолошки парк.

„Битола ќе биде зелен! Ќе ги зголемеме зелените градски површини за 30%! Ќе ги развиеме зелените површини на Тумбе кафе и ќе никнат многу нови детски паркови. Ќе следуваат субвенции за енергетски ефикасни фасади, велосипеди, плински уреди за возила, како и за набавка на хибридни или електрични возила. Битола не би била Битола без современ ски центар. Токму затоа СКИ ЦЕНТАРОТ НИЖЕ ПОЛЕ ќе добие современа опрема за заснежување и правење на вештачки снег, а ќе се заменат и трите ски лифтови со нови! Ќе се скија и кога нема снег! На задоволство на најмладите и нивните родители зоолошката градинба ќе биде целосно модернизирана и просторно проширена, а нејзиниот животински фонд ќе се зголемен за 20% “, вети Конодвски и им рече на присустните да го држат за збор.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани