Webp.net gifmaker

Битола, ти се поклонувам, рече Заев вечерва на централниот митинг на СДСМ во Битола

Септември 27, 2021

Денес на првиот ден од кампањата за претстојните локални избори решивме да стартуваме од овде и ако ме прашате зошто токму од Битола, ќе ви кажам кратко и јасно-Затоа што Битола е Битола, рече претседателот на СДСМ на централниот митинг во Битола, од каде партијата ја започна кампњата за локалните избори.

-Битола е Битола и кога го велам тоа сигурен сум дека сум кажал се, во тој одговор лежи сета моја почити кон вас и кон вашиот преубав град оти Битола е Битола и друга таква нема на светот. Јас сум истиот тој Зоран Заев кој често своето обраќање го започнува со „Ти се поклонувам Битола“. Ова чувство и потреба ги иаме и вечерва, затоа што пред вас стоји истиот Зоран Заев со истиот поклон кон вистнските вредности и со истите емоции кои ми ги буди градот под Тумбе Кафе, градот на Широк Сокак, градот под Пелистер, градот на конузулите и градот на уште многу други нешта кои придонеле Битола да биде најопениот македонски град, рече Заев. 

z2

Градоначалничката Наташа Петровска, не дојде на митингот на СДСМ, а Заев и се заблагодари за домаќинското водење на општината во изминатите 4 години.

-Благодарност до Наташа што чесно и посветено и служеше на Битола и битолчани. Благодарност и во името на СДСМ. На битолчани им порачувам да не ја давата повеќе Битола никогаш во рацете на ВМРО ДПМНЕ. Битолчани ви треба претрприемач, ви треба менаџер за да биде Битола уште подобра, подобра од Скопје, Куманово, Тетово, подобра од Прилеп. Битола со Христо ќе биде број еден во државата, затоа што тоа го заслужувате, рече Заев.

sdsm1

-Убеден сум во мудроста на граѓаните на Битола, тие знаат да направат разлика и соодветно да реагираат, да дадат поддршка на концептот на СДСМ и Коалицијата, затоа што сите знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ваква нереформирана, прорежимска, на овие избори не е понуда, истакна претседателот на СДСМ на граѓанската трибина во Битола.

sdsm5

Тој истакна дека Мицкоски се одлучи дури на некрофилски политики, иако со нив ги повредува и загрижува луѓе, покажа незрелост со тоа што нема став по ниту едно државничко прашање, не поддржа ниту една важна одлука за граѓаните и за државата и за се е против.

sdsm2

-Со ВМРО-ДПМНЕ ќе има повторно кавга дома, ќе има кавга со соседите, кавга со целиот свет, ретроградни процеси, назадување и разочарување, никому тоа не му треба, порача Заев, нагласувајќи дека разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е огромна.

sdsm3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани