2win800x200

Офицерскиот дом да прерасне во арт центар, во резиденција за истакнати гости, со концертна сала која ќе ја зачува акустиката, околу него да има павилјони за уметничка намена, отворен ресторан, па дури и трговски дуќани за комплексот да може да се самоодржува. Ова се дел од предлозите што битолчани ги изнесоа на трибината „Офицерскиот дом-проект за самоодржливост и функционалност“ во организација на Ротари клубот од Битола.

Општина Битола завчера распиша тендер за прибирање на понуди за 24 часовно обезбедување и мониторинг на Офицерскиот дом. Право да се пријават имаат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење на ваква дејност. Краен рок за доставување на понудите е 16 април.

Како кристалниот лустер од Офицерскиот дом да можете да го нарачате на кинескиот сајт Али Експрес. Ете, такво чувство добив додека ја слушав одбраната на Талески за време на судскиот процес за негрижата на движното и недвижното наследство во споменичната целина, позната меѓу битолчани како Офицерски или битолски Версај. Одбраната рече „лустерот како да бил непроценливо богатство, тоа не е така, тој е како и секој, но погломазен и поукрасен, денес такви се наоѓаат во слободна продажба“. Овој секојдневен лустер 43 години ја красеше балската, најакустичната, концертаната сала, ги осветлуваше забавите, матурските, концертите, настапите, ги восхитуваше генералите, виртуозите, државниците. Беше величенствен, проткаен со спомените на битолчани како гроздовите кристали.

Ексградоначалникот Владимир Талески на денешното судење  во Основниот суд во Битола по обвинението за негрижа за Офицерскиот дом рече дека апсолутно не се чувствува виновен. Во главната расправа неговиот адвокат Драѓи Пажик рече дека лустерот од балската сала што во обвинението се прикажува како непроценливо богат,  всушност е  како и секој лустер, само поукрасен и погломазен, а такви денес има во слободна продажба. 

Екс градоначалникот Владимир Талески денеска насмеан стигна во Основиот суд во Битола на судењето за негрижа на Офицерскиот дом во Битола.Одбраната  на Талески  по втор пат побара одлагање на главното рочиште.

-Мојот клиент е животно заинтересиран оваа постапка да започне и заврши што поскоро за да ја докаже својата невиност, рече адвокатот на Талески, Драги Пажик по одлагањето на судењето.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани