Од утре рестораните и угостителските објекти ќе работат до 21 часот

Јануари 20, 2021


Рестораните и угостителските објекти од 21 јануари ќе работат до 21 часот, по што ќе бидат затворени за посетители. Нема да работат  и оние  делови за исхрана  во хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и други објект за сместување, како и објектите со угостителска дејност на бензинските станици. Владата   по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката за работното време на рестораните и другите угостителски објекти согласно која од 21 јануари се укинува одлуката за ограничување на работното време до 18 часот.


Исклучок од оваа одлука се угостителските објекти на аеродромите во Скопје и  Охрид, како и рестораните  во хотелите, мотелите, хостелите, пансионите кои ќе работата само за гостите  сместени во овие објекти.

Угостителските објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да остваруваат продажба на алтернативен начин со онлајн или телефонски нарачки и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект преку штанд или пулт со почитување на основните мерки за дезинфекција, носење маски и одржување дистанца.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани