Јавното претпријатие „Пазари“ во соработка со ЈП „Нискоградба“, за првпат по 15 години, спроведоа акција за целосно чистење на канализационата мрежа во градскиот пазар, а исто така надминат е проблемот кој се појавуваше на просторот каде што се поставени тезгите  при секои поголеми врнежи од дожд.

Јавното претпријатие „Нискоградба“ започна со санација на ударните дупки низ улиците во општина Битола, односно локалните патишта кои се под општинскa надлежност.

„Поради временските неприлики и дотур на асфалт од базите одреден период не се извршуваа овие активности. Согласно програмата на Општина Битола за одржување на улици и патишта во следниот период интензивно според списокот што ни го достави Општината со имиња на улици за санација на ударни дупки, активностите ќе течат континуирано“, рече директорот Методи Силјановски.

Битолската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот директор на ЈП „Нискоградба“ од Битола, Кире Крстевски (55), за „злоупотреба на службата“, а кривични пријави за „несовесно рабаотење“ поднесени се против неговите соработници во ова јавно претпријатие, помошник на директорот за технички работи М.М. (59), раководител на сектор за правни работи В.П. (58) и референтот за техничка исправност на возилата и поранешен раководител, С.Х. (55). Сите се осмничени дека во периодот од 2013 година до 2017 година му нанеле штета на ЈП „Нискоградба“ во вкупен износ од 15 милиони денари или 250 илјади евра.

Полициски инспектори по стопански криминал во три наврати влегле во ЈП „Нискоградба“ од Битола, прибирајќи документи и информации за евентуален криминал или злоупотреба на законите и постапките за јавни набавки и завршната сметка на ова претпријатие, дознава апла.мк од извори од претпријатието .

Наши анонимни извори велат дека  инспекторите ја чешлаат службената документација во неколку наврати, а последен пат биле вчера.

Страница 4 од 4

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани