2win800x200

Трајковски-Прогноза на бројот на пратенички мандати врз основа на бројот на гласови на претседателските избори

Април 26, 2024
Универзитетскиот професор Дејан Трајковски направи анализа по првиот круг од претседателските избори и прогнозира, ако се повторат истите резултати и на парламентарните избори колку секоја една од партиите  учеснички во изборите би освоила пратенички места. Професорот Трајковски е кандидат за пратеник на Движењето ЗНАМ во 5 ИЕ. Носител на Петката во ЗНАМ е Весна Бендевска.  
 
Анализата ви ја пренесуваме интегрално 
 
Прогноза на бројот на пратенички мандати врз основа на бројот на гласови на претседателските избори
Доколку како појдовна основа ни послужат броевите на освоени гласови на седумте политички партии во шесте изборни единици на претседателските избори одржани на ден 24.4.2024 година (Табела 1.), според Д'Онт-овиот (D'Hondt) модел можеме да извршиме прогноза на распоредот на пратеничките мандати по изборни единици на претстојните парламентарни избори (Табела 2). Во последната колона се претставени вкупните прогнозирани броеви на гласови на партиите во парламентот.
Претпоставуваме дека гласачите повторно ќе гласаат за пратениците од истата политичка партија, за чијшто претседателски кандидат гласале две недели претходно. Иако на парламентарите избори ќе учествуваат уште неколку други партии, поради малиот број на освоени гласови тие најверојатно нема да освојат ниту еден пратенички мандат, така што распределбата на мандати според Д'Онт-овиот модел не би требало многу да се разликува - барем според овој основ.
Анализирајќи ги броевите на пратенички мандати и броевите на освоени гласови, забележуваме дека ДУИ и Левица во ИЕ1 би останале само со по еден мандат и покрај освоените 12.865, односно 12.282 гласови. На сличен начин, доколку сé остане исто како на претседателските избори, Движењето ЗНАМ би останало со еден пратеник во ИЕ5 и покрај освоените 10.885 гласови. Но, не треба да испуштиме од предвид дека Движењето ЗНАМ е најбрзо растечката политичка партија, во силен нагорен тренд, така што во следните две недели во ИЕ5 лесно може да освои уште околу 2.000 гласа за уште еден пратенички мандат.
Звучи неверојатно, но пред само еден месец анкетите на агенцијата „ИПИС“ на Движењето ЗНАМ и прогнозираа 5-6 мандати, пред две недели анкетите предвидуваа 7-8 мандати, за да резултатите од претседателските избори ја поткренат прогнозата на 10 пратенички мандати. Доколку овој тренд продолжи, по две недели може да достигне и 11-12 мандати.
437585186 1699609950567516 3207324742826226523 n
Во Табела 3 можеме да ги споредиме вкупните броеви на мандати на седумте политички партии според сегашниот изборен модел со 6 изборни единици, наспроти хипотетскиот изборен модел со цела Македонија како една изборна единица. Со една изборна единица ВМРО-ДПМНЕ и АА (коалицијата „Вреди“) би освоиле по 2 мандати помалку. Од друга страна Движењето ЗНАМ - За наша Македонија би освоила еден мандат повеќе, односно вкупно 11 мандати, а Левица би освоила дури два мандати повеќе, односно 5, наместо 3 мандати според сегашниот модел.
Ако денот се познава по утрото, тогаш на претстојните парламентарни избори најголем добитник би било Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, додека најголем губитник би бил СДСМ. Левица минимално би го зголемила бројот на мандати од досегашните 2 на 3.
Ниту една политичка партија не би освоила апсолутно мнозинство за формирање на самостојна влада, но како што моментално стојат работите и знаејќи ги ставовите на партиите за идното коалицирање, големи се шансите идната влада да ја формираат ВМРО-ДПМНЕ, Движењето ЗНАМ, Левица и коалицијата „Вреди“. Таквата влада би била прилично стабилна, а СДСМ и ДУИ би заминале во опозиција наредните 4 години.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани