2win800x200

Уникатни фотографии и теренски записи кои се дело на полскиот етнолог Јозеф Обрембски, којшто вршел теренски истражувања во Порече од август 1932 до март 1933, се претставени на изложбата „Поречаните“. Македонското Порече 1932-1933 во етнографската документација на Јозеф Обрембски“, која е поставена во малата сала на НУ Завод и музеј-Битола. Изложбата содржи материјали и теми на кои работел Обрембски за време на неговиот престој во Порече, и прикажува неколку значајни аспекти од секојдневниот традиционален живот на населението во дадениот предел.

Од 18 до 20 април во Солун се одржа шестата Балканска конференција "Meet, See, Do" на која присуствуваа стотина професионалци од Балканот и пошироко, а девет претставници од Република Македонија. На конференцијата од Завод и музеј Битола настапија д-р Ирена Ружин со "4 D-Граѓански паметни скулптури" како и со работилницата "Анализа за пристапност, алатка за промени " и м-р Јове Парговски со "Тактилна публикација- Мозаик нартекс-Хераклеа Линкестис".

"Meet, See, Do " е годишна конференција на Балканската музејска мрежа, која служи како еден од главните настани за учење, средби и мрежно поврзување на балканските музејски професионалци.

Конференцијата е организирана од Балканската музејска мрежа и Фондацијата културно наследство без граници од Босна и Херцеговина.слика 4

Воведничари на конференцијата беа: Снешка Квеведлиг-Михајловиќ, генерален секретар на Европа Ностра; Драгана Луција Ратковиќ Ајдемир, експерт во областа на толкувањето и основач на компанијата Муза, Толи Мисирлоглу, директор на Македонскиот музеј на современата уметност и Марија Цанцаноглу, директор на Државниот музеј на современа уметност, заедно со 26 олеснувачи и учесниците во панел дискусијата. Сите говорници и учесници го споделија знаењето околу теми за учество на заедниците, ко-создавање, лобирање за културното наследство, управување со музејот и промоција.

"Ние сме среќни што сме во Солун и ги запознавме колегите од Грција. Иако ова е прв пат да организираме состанок ‘Meet, See, Do’ во Грција, нашите односи со грчките музејски професионалци се развија преку нивно членство во Балканската музејска мрежа и други заеднички активности. Конференцијата е финансирана од Фондацијата Ставрос Ниархос, нашиот партнер во градењето посилни музеи отворени за сите ", изјави Аида Вежиќ, генерален секретар на Балканската музејска мрежа.

Во рамките на трите дена од одржувањето на конференцијата, учесниците имаа многу можности да запознаат колеги од различни делови на светот, да видат како пристапуваат и решаваат конкретни теми и да направат некои практични активности во рамките на работилниците.

По повод 100 години од раѓањето на македонскиот ликовен уметник Борислав Траиковски, денеска во Завод и музеј Битола беше промовирано посебно монографско издание со поддршка на Македонското научно друштво од Битола. Монографијата е чин на трајно вреднување на делото на Траиковски, зачувување на неговото творештво и неговиот живот во еден долг временски период, беше речено на промоцијата.

Мери Стојанова, етнолог виш кустос е новиот ве-де директор на Завод и музеј Битола. Таа доаѓа на местото на историчарот д-р Александар Литовски кој оваа функција ја извршуваше од август минатата година.

Стојанова која е доктор на науки  досега се истакнала со бројни реализирани проекти и изложби, документарни филмови  од областа на етнологијата, традицијата, занаетите и народното творештво.

Креативните уметности можат да придонесат за подобро урбано живеење преку учество на граѓаните во текот на предлагање на решенијата.

Ова е идејата на проектот „Граѓански  паметни скулптури- 4 D- Виртуелна урбана уметност“ кој преку изложба на проекти и фотографии и презентација на видео бим на непостоечки објекти во Битола кои биле од големо значење за градот  од  денеска е претставен за јавноста  во Завод и музеј Битола.

Страница 3 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани