АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општинското основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“од Битола е пионер во работа со Еразмус плус проектите почнувајќи од 2014 год со прво искуство добиен проект Еразмус плус за развивање на дигиталните вештини кај наставниот кадар и реализирана мобилност во Малта. Училиштето веќе осум години е активен апликант за Еразмус плус програмата поддржана Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и последните две години е добитник на Еразмус плус проекти.
Во рамките на кампањата „Гласно против гласини“ – Секоја една е вредна, денес во Основното училиште Ѓорѓи Сугарев се одржа работилница преку која на учениците од ова училиште им беше пренесена пораката „Слушајте го својот глас“. Кампањата која пред се има за цел да даде нови насоки во борбата против гласините кои што ги дискриминираат жените, е поддржана од Мисијата на ОБСЕ и Општина Битола, а координатор на активностите е Фатма Бајрам Аземовска. Во соработка со училиштето во следниот период предвидена е организација на повеќе вакви настани, кои имаат за цел да ги насочат учениците на правилно размислување, делување без присуство на дискриминација и најважно реализација на сопствените желби за напредок, без стереотипи и предрасуди.
На денешната работилница, Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска преку интерактивна комуникација со учениците разговараше и за својот пример и достигнувања, токму во оние области за кои сеуште се мисли дека во најголема мера припаѓаат на светот на мажите. Нејзиниот пример на жена градоначалник е уште една потврда дека секој ученик, независно од социјалниот статус, родовата или националната припадност, еден ден може да биде успешен бизнисмен, лекар, политичар, спортист. Учениците потврдија дека ваквите активности се вистински поттик за нивната понатамошна професионална ориентација.
Денешниот настан е дел и од активностите за реализација на акцискиот план на Општина Битола за подобрување на положбата на жената ромка, поддржан од министерот без ресор Музафер Бајрам.
Сенозорна соба за децата со посебни потреби е отворена денеска во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ од Битола. Во активностите во оваа сензорна соба покрај децата кои посетуваат редовна настава во ова училиште, можат да бидат вклучени и останатите кои ќе имаат потреба.
Две влезни врати, еден паркинг за велосипеди и три метални корпи за складирање на пластични шишиња донира ФОД ДООЕЛ –Битола во ОУ „ Ѓорги Сугарев“-Битола.
Несовесни граѓани и кога нема контејнер „ по навика“ ѓубрето си го фрлаат во дворот на ОУ „Ѓорѓи Сугарев“.
Таа глетка денеска ги револтира учениците, родителите и наставниците во школото, па регираа на фејсбук и постираа фотографии од (не) делата на битолчани.