АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Лазаревац, Р. Србија на 10. И 11. Октомври 2019.год. се одржа Втора национална смотра и Прва регионална смотра на хортикултурни библиотеки во организација на Мирко С. Марковиќ главен раководител на мрежата за хортикултурни библиотеки и библиотека домаќин Национална библиотека „Димитрије Туцовиќ“ од Лазаревац кои се погрижија за многу богата Агенда во која беа вклучени и повеќе работни средби и договори со учесниците.
Во мрежата на хортикултурни библиотеки активно зедоа учество претставници од Р. Србија, од Лазаревац, Чајетина и Кикинда, од Р. Српска Зворник, од Босна и Херцеговина Тузла, од Хрватска Винковци и од Р. Северна Македонија Битола. На средбата беше присутен и Ласло Блашковиќ, директор на Народна библиотека од Србија.
Претставници на библиотеките од регионот ги разменаа искуства од библиотечните активности поврзани со хортикултурни библиотеки, како и од спроведување на активности од УНЕСКО – ва програма УН Агенда 2030 за влијанието на библиотеките врз потребите на заедницата.
Во работниот дел се дефинирани целите, принципите на работа, заеднички проекти и ширење на мрежата во одделни држави и донесување на одлука за потпишување на основачки акт за формирање на хортикултурна мрежа на библиотеки.
Учесниците од НУ УБ „Св. Климент Охридски“,м-р Јелена Петровска, библиотекар советник во Одделот за развој на библиотечната дејност и проф. Даниела Ќурчиевска, член на Управен одбор на библиотеката, воспоставија контакти и работна средба со претставници на РЕ Колубара во врска со промовирање на еколошки проекти, особено проект за рекултивација на површините во РЕК Битола, по примерот на РЕ Колубара кои со години ги развиваат сличните програми. На тој начин библиотеката ги остварува целите кои се однесуваат на одржливиот развој особено во сфера на екологија, одржливоста на расположливи ресурси како дел од концептот за т.н. паметни градови. Библиотеката ќе продолжи со активно учество во еколошките програми и подигање на свеста за зачувување на околината и воведување на нови иновативни програми за своите граѓани.