2win800x200

Здравко,  Минела, Марија, Ана, Даријан, Теодор,  Бисера...се дел од  100 те новороденчиња донесени на свет од почетокот на март до денес во Гинеколошко-акушерското одделение во Клиничката болница во Битола.
 
-Успешно завршена работа на првиот тим 
на одделот за Гинекологија, Неонатологија и Анестезија при Клиничка болница Битола. Единствена точка водилка безбедно мајчинство, само спроведени протоколи носат безбеден и успешен крај, велат за апла.мк од битолската Клиничка болница.
Сите овие породувања се успешно извршено во исклучително сложени услови, во време на вонредна состојба поради пандемијата со КОВИД-19, што е причина повеќе за сериозен предизвик на тимот кој на свет донесоа 100 здрави бебиња за месец и половина
 

На големиот празник Пресвета Богородица, заштитничка на мајките и на леунките, на Гинеколошко-акушерското одделение при Клиничка болница ,, Д-р Трифун Пановски" - Битола имаше 18 здрави бебиња, објавија од Мајчината школа на нивната фејсбук страница. На фотографијата се гинеколозите Николина Ристевска и Иванчо Василевски во придружба на своите колеги неонатолози и друг медицински кадар од истото одделение, опкружени со бебињата родени деновите пред и за Пресвета Богородица во Клиничката болница.    bebiwa 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани