2win800x200

Балони со испишани пораки „Сакаме да дишеме“, „Чист воздух“ и други поврани со аерозагадувањето, на новогодишната елка пред општинската зграда во Битола беа поставени попладнево на граѓанскиот собир, на кој педесетина битолчани побараа итно преземање на мерки за чист воздух. Да се соберат ги повика независната советничка група Поинаку преку социјалните мрежи, апелирајќи наместо да седат на Фејсбук и да пишуваат колку е загадено да побараат чист воздух.

„Овде сме дојдени како граѓани, а не како политичари и советници и не ни е важно кој од која партија тука ќе дојде. Во најбрз временски период да се санира мерната станица Битола 1, да нѐ заштити Општината од загадувањето, да ги спроведе мерките од Планот за амбиентален воздух. Доволен е тој да се реализира. Децата не можат да одат на училиште на ова загадување, вработените не можат да одат на работа, тешко е за старите лица. Но, ние не можеме да добиеме ни препораки од Министерство доколку не работат мерните станици“, рече Габриела Илиевска од Поинаку.

Ж.З. 

Петнаесетина  жители од битолските села Долно Оризари, Трн, Карамани, Логоварди денеска излегоа на предупредувачки протест, незадоволни од јавниот превоз, поскапените билети и несоодветните автобуси кои ги праќа на овие линии превозникот.

Протест за чист воздух се одржа попладнево пред Општина Битола во организација на независната советника група Поинаку. Присутните на протестот побараа да се преземат мерки за намалување на аерозагадувањето и субвенционирана цена на струјата во Битола.

Советот на Општина Битола денес едногласно го прифати предлогот на независната советничка група „Поунаку“ да побара од Владата на првата следна седница Битола да добие субвенционирана цена на струјата поради загадувањето што го трпи од комбинатот РЕК кој е во близина на градот.

Граѓани, активисти за правата на животните  денеска се собраа пред Општина Битола,  барајќи подобри права за бездомните животни. Протестот беше организиран од „Независни активисти за права на животните„ со цел  подигање на свеста за оваа проблематика и конечно решавање на проблемот.

Протестот започна на пладне од пред  Офицерскиот дом, а активистите се движеа пеш по Широк Сокак се до општината. Речиси сите активисти со себе ги носеа своите домашни миленици, кучињата.

Тие на транспарентите порачаа ; „Стоп за  труењето на кучиња“, „Бездомни , а не безвредни“, „Хуман третман на животните“,  потоа учесниците транспарентите ги оставија и ги залепија на главниот влез на општинската зграда.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани