Webp.net gifmaker

Министерот за образование Адеми и заменичката Наумовска во посета на ОУ „Гоце Делчев“-Битола

Октомври 14, 2019

Задоволен од условите во кои учениците и наставниците од ОУ „Гоце Делчев“-Битола учат и работат е министерот за образование Арбер Адеми, при  посета на  училиштето откако денеска  пристигна донацијата од Владата. Новиот училишен  инвентар се состои од 80 клупи, 160 столчиња, 8 четирикрилни шкафови, 8 табли и 8 катедри. Просветните работници  единствено побараа од  МОН да ја помогне финансиски санацијата  на кровот во дел од зградите.

насловвв

-Чест ми е што го посетивме најстарото училиште во градот ОУ„Гоце Делчев“-Битола , од блиску имавме можност да се запознаеме  со условите и со инвестицијата и од страна на МОН и и од други донатори и се надевам дека сите наши политики предвидени и во Законот за основно образование и во Законот за наставници и стручни соработници ќе може да се рефлектираат и имплементираат на најдобар начин. Секако дека има простор за подобрување на условите конкретно за покривот на училиштето , како МОН ќе направиме се што е во наша моќ за да се подобрат условите и во овој дел, рече министерот за образование Адеми.

По исплаќањето на долговите на училиштата што оваа власт ги наследи  следува и подобрување на условите во училиштата и наставата , рече заменик министерската за образование Елизабета Наумовска.

-Битола останува град за кој сум емоционално поврзана , посебно за училиштето „Гоце Делчев“ каде ги стекнав првите знаења. Се надевам дека министерот виде и повторно ќе доаѓа во Битола. Сите училишта ги затекнавме како блокирани и со помош на Владата и Општина Битола ги одблокиравме и сега одиме напред кон развој , реконструкција, опремување и овозможување подобри услови за работа на нашите ученици, рече Наумовска.  

наснас

ОУ„Гоце Делчев“-Битола  е едно од најстарите училишта во градот, изградено во 1846 год.  во кое учат ученици од различен етнички состав (Македонци, Албанци, Власи, Роми, Срби), а наставата се реализира на два наставни јазици (македонски и албански наставен јазик).

Ова училиште е модел за интеркултурно образование и пример како треба да функционира едно училиште во современо демократско општество. Доказ за тоа се многуте проекти во кое училиштето е вклучено: Меѓуетничка интеграција во образованието, Меѓуетничка интеграција  на младите во образованието, Јакнење на меѓуетничката интеграција меѓу општините, Нансен модел на интеркултурно образование и др...

-Денес како дел од капиталните инвестиции на Министерството за образование и наука и Влада на Република Северна Македонија добивме клупи столчиња, катедри, шкафови и табли во вредност од 1.892.209,00 денари, рече Стојковска.

Б 9

Б 8

Б 5

 Б 4

Б 3

Во изминатите 15 месеци во ова училиште се реализирани повеќе активности и тоа:

-              Преку проектот МИМО добиен е големиот грант од 20.000 е Финансиер УСАИД,  кофинансиер Општина Битола со 2.000 евра, а училиштето партиципираше со работна рака во вредност од 484.000,00 денари. (реконструкција на тоалети, водоводна  и одводна мрежа, замена на подовите во сите простории со разлевачки епоксиден под, заменети сите врати во трета зграда )

-              Преку проектот НАНСЕН опремени се 8 училници со техничка опрема (прожектор, лап топ, платно, држач за прожектор, камера, принтер, шкаф) и истите се бојадисани.

-              Донација од НВО Калири и Мерсис во вредност од 7.000 евра финансиер исламското здружение Исламик Релиф (табли, катедри, столици, клупи).

-              И многу други донации и грантови за обезбедување на дидактички материјали.

Директорката  Стојковска рече дека училиштето го затекнала  со долг од 20.876.820,00 денари  и блокирана сметка што претставувало отежнато работење, но благодарение на напорите на градоначалничка Наташа Петровска и Влада на Р.С.Македонија долговите се исплатени, а со тоа можеме да функционираме нормално, рече таа.

-Сакам да изразам благодарност пред се на заложбите на градоначалничката Наташа Петровска, на Влада на Р.С.М, МОН, Совет на општина Битола, ЈП, институции, вработени во училиштето, родители за несебичната помош и поддршка да му овозможиме на нашите ученици пријатна и безбедна средина за учење која придонесува за стекнување повисоки трајни знаења, рече директорката Стојковска .

нас 2

Б 11

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани