Тактилната изложба од Битола гостува во Роднокрајниот музеј во Књажевац, Србија

Октомври 31, 2019

Н.У. Завод и музеј Битола со својата тактилна изложба предизвика големо внимание кај лицата со попреченост во Србија. Изложбата која вчера, 29ти октомври беше отворена во Роднокрајниот музеј во Књажевац, ќе биде поставена уште во неколку градови во Србија.

На отварањето, за изложбта и концептот зборуваа раководителот на проектот Д-р Ирена Ружин, програмски раководител од Н.У.Завод и музеј Битола, м-р Јове Парговски, еден од авторите на тактилните слики и стручен соработник за дигитализација на културното наслество, Милена Милошевиќ Мициќ –кустос советник, а изложбата ја отвори Директорот на Роднокрајниот музеј м-р Александар Ристиќ. Тој истакна дека бројката од 12.000 слепи и слабовиди лица во Србија е поттик и понатаму да се размислува за различниот пристап до културното наследство до тие посетители и дека соработката со Битола со задоволство ја продолжува.

М-р Дејан Раденковиќ, член на Управниот одбор на Сојуз на слепи од Србија, посетител со попреченост, за медиумите изјави дека е воодушевен и задоволен, дека оваа изложба е одлична, една од најдобро организираните изложби, технички и содржински.

На дваесетте панели се претставени експонати од колекцијата на битолскиот музеј преку фотографии и текстови, а за слепите и слабовидите лица се изработени тактилни слики и текстови на брајово писмо на српски јазик. На панелите се поставени и кодови преку кои се пристапува и до аудио интерпретација за експонатите и видеа со презентација на знаковен јазик.

Во претходните Н.У.Завод и музеј Битола покажа дека овој пристап е одличен за слепите лица бидејки им дава можност преку допир тие ги доживуваат експонатите.

Гостувањето со тактилна изложба е резултат на повеќегодишната соработка на двата музеи особено во делот на зголемување на пристапноста на музеите за лицата со попреченост. Тимот за овој проект, посетуваше голем број на обуки организирани од Балканаска музејска мрежа, а при подготовката консултираше повеќе експерти како и Здруженијата на лица со попреченост.

Претходно двата музеи го реализираа проектот Музеј во куфер, повеќе обуки, семинари и работилници за пристапност, во двата града.

Целта на двата музеи е поставките да бидат достапни за сите лица со ралични попречености.

Оваа изложбата е поддржана од Министерство за култура.

(Инфо од Завод и музеј-Битола)

                           слепи 2

     селпи 3                                                       

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани