Webp.net gifmaker

Битолскиот „Камерен оркестар“ да прерасне во институција-иницијатива на советникот Тошевски

Декември 26, 2019

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Иванчо Тошевски поднесе иницијатива до Советот на Општина Битола  „Камерениот оркестар“ Битола да се институционализира.

-Предмет на оваа иницијатива е отпочнување на постапка за основање на јавна општинска установа од областа на културата, ЈОУ „Камерен оркестар“ Битола, со што ќе се изврши институционализација и ќе се овозможи континуитет во понатамошниот развој, финансиска стабилност и одржливост на дејноста на членовите на групата „Камерен оркестар“ Битола, која претставува препознатлив белег на културната сцена во Општина Битола, Република Македонија и со кој се негува висок уметнички израз и духовно творештво кое е препознато како вредно за зачувување, стои во иницијативата на Тошевски.

Советникот смета дека новата институцијата нема да претставува голем финансиски товар за општината, бидејќи најголем дел од ангажираните во оркестарот се веќе вработени во други установи, а туку се ангажираат хонорарно.

Претседателот на Совет, Валентин Груевски, иницијативата ја стави на гласање, но не го доби мнозинството гласови. Советниците од власта гласаа воздржано, а од опозицијата беа за предлогот. Груевски образложи дека за оваа иницијатива  ќе се почека се до носењето на новиот  Закон за децентрализација со што е предвидена и децентрализација на институциите од културата.

Камерниот оркестар на Битола работи речиси пет децении, формиран околу 70-те години од минатиот век од страна на професори од Државното музичко училиште од Битола.

Од 2013 год. Камерниот Оркестар на Битола под раководство на Владимир Димовски, бележи големи успеси, голема посетеност и популарност на неговите концерти како во Македонија, така и во поранешните југословенски простори, и израснува во познат македонски бренд. Прикажува вариетет од музички програми од класична до популарна музика. Особен интерес и популарност кај публиката предизвикаа најуспешните  проекти : "Rock Symphony", "James Bond Symphony", "Ladies Symphony" и"John Williams Symphony" , образложи Тошевски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани