Webp.net gifmaker

ЗАВОД И МУЗЕЈ СО НОВ КОНЦЕПТ ГИ ВРАЌА ВИСТИНСКИТЕ КУЛТУРНИ ВРЕДНОСТИ

Октомври 10, 2017
Фото: Директорот Александар Литовски на свеченоста по повод отворањето на новите галериски простории Фото: Директорот Александар Литовски на свеченоста по повод отворањето на новите галериски простории

Почнуваме да градиме вистински вредности, а не ефемерни работи кои траат неколку дена, а потоа се забораваат. Вака новиот директор на битолскиот Завод и музеј, Александар Литовски, го најави новиот концепт на работа на битолскиот Завод и музеј, установата која е најповикана да го штити културното богатство во Битола. Доказ за неговата заложба на љубителите на културата да им ги врати вистински културни вредности се и новите музејски простори кои синоќа беа промовирани во присуство на министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

 

Постојаната музејска поставка, по повод големиот државен празник 11 Октомвр,и се збогати  со две нови галерии и два легата. Во едната од галериите збрана е збирката на икони од црквите во Велушина, ретки примероци со врвни уметнички дострели, дел работени од локални зографи кои твореле во битолското село Магарево во 19 век. Изложените икони се конзервирани, а со нивното поставување во галерија всушност се спасени од можноста да станат мета на арамии кои веќе подолго време крстосуваат низ црквите во Македонија. Вака спасени се врвни дела на Анастас Зограф и неговите синови Константин и Димитар Анасатасови од квалитетната иконописна школа во Магарево.

Другата галерија е посветена на современата уметност, а значењето е дотолку поголемо што во Битола со долгогодишната реставрација на Јени џамија, градот остана без музеј наменет за ликовни уметнички дела. Немаше постојана изложбена поставка во градот, а голем дел од ликовните уметници паѓаа во заборав. Во оваа галерија сега, покрај делата на  Мартиновски, Личеновски, Пандилов и сите повоени генерации на ликовни творци, посебен акцент е ставен на антологиската група ВДИСТ од Битола која одигра важна улога во современта југословенска ликовна уметност, а повеќето од авторите во изминатиот период се добиваше впечаток дека се заборавени.ико

Министерот Алаѓозовски изрази надеж дека ова е почеток на реконструирањето на останатите творечки простории на членовите на ВДИСТ, Видимче, Димовски, Ивановски и Спировски.

Во оваа група петти член беше и ликовниот уметник Борислав Траиковски, чие дело заслужно остана да се памети до денес. Тој во битолскиот Завод и музеј доби легат, како и скулпторот Сотир Димовски.

-Легатот на академскиот сликар Борислав Тариковски замислен е како реконструкција на неговото атеље во Бистрица, каде што во неколку децении создаде дела кои слободно можат да се најдат во било кој ликовен европски центар.  Тука е и легатот на скулпторот Сотир Димовски. Ове е првата музејска липтотека средена на ваков начин во нашите музи. На неколку квадратни метри Димиовски ни остави бројни дела. Тивки по својата скромност, ненаметниви по својата големина и историска хронологија, а потполн антипод на кичот и лажни врености. Тука се скулптурите на Кочо Рцин, Владо Малевски, Стив Наумов, Климент Охридски, речиси сите кои долго опстоија во нашата вистинска историја- рече министерот.мин

И секако во галеријата за современа уметност оставено е заслужно место за Александар Ѓаконов, ликовен гениј кој творел кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, оставил многу слики во Битола,  а долго време останал анонимен. Експерти  од битолскиот Завод и музеј ги собраа неговите дела и се обидуваат да откријат што повеќе податоци за неговата личност и ликовна кариера.   Министерот Алагозовски во Битола рече дека тој е основоположник на македонската современа уметност и дека со неговите дела се поместува границата за почетоците на современата уметност во Македонија.

-Ова е финалето на една макотрпна работа и го претставува во крајна линија новиот концепт на Завод и музеј во кој  ќе се трудиме се повеќе да истакнуваме трајни вредности, а на ефемерни работи кои неколку дена траат, а потоа сите ги забораваат. Овие содржини во нашиот Завод и музеј се надеваме дека ќе траат долги години и ќе предизвикуваат голем интерес кај нашите граѓани и туристите кои доаѓаат- рече директорот Литовски.

На отворањето на новите галериски простори, му претходеше првата изложба за животот и делото на американската мисионерка Мети Метјуз која им помагала на цивилното население во Битола во Балканските и Првата светска војна, а до сега ретко се споменуваше. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани