2win800x200

Во 15 век Битола имала 900 продавници, колку една третина од куќите

Октомври 12, 2019

За Солуна, За Стамбола Неа Не Давам... (Неделна Рубрика)

 

Во 15 век Битола броела 3000 куќи, а дури 900 продавници, пишува во научниот труд „Урбаниот развој на градот во контекст со историско урбаниот развој на старата битолска чаршија“ на Зоран Алтипармаков, инженер архитекст и Надежда Ѓеоргиева, историчар на уметност од битолскиот Завод и музеј, објавен во Зборник на трудови од 2012 година. Тоа значи дека продавници имало колку една третина куќи. 

„Според податоците на млетскиот пратеник Бернард во 15 век, Битола била најразвиен и многу важен трговски центар во југозападниот дел на Балканот. Во градот биле изградени значајни објекти како Бујук-безистен (Голем безистен), Чучук- безистен (Мал безистен) и други. Напоредно со трговијата и занаетчиството се развивала и угостителската дејност за што се граделе анови, ахчилници и други објекти. Се тргувало со жито, кожи, восок, памук, градежен материјал, борина, катран и разни занаетчиски производи. Во тоа време градот имал 3000 куќи, 900 продавници и 40 гостилници“, пишува во трудот.

Ваквите податоци ги потврдил и патеписецот Евлија Челебија во својата „Сијахатнама“ од 1661 година, кој при своето патување, во описот на градот, напишал дека имало 900 дуќани во битолската чаршија, 40 кафани и импозантен базен.

Во 1832 година како пазарен ден во градот бил одреден понеделник , во меѓусебна усогласеност на локалните верски конфесии. Во 1836 година по иницијатива на градската управа, се уредил кејот на реката Драгор, во рамки на градското подрачје.

Инаку, ановите во градот носеле различни имња, како: Девеани, Пипер ан, Ингилиски ан, Кичевски ан, а имало и многу ахчилници на десниот брег на реката Драгор, во познатата Дембел Чаршија како кварт на кафеани и чајџилници.

Според податоците од Заводот за статистика во 2008 година во Битола имаше 1510 продажни капацитети и други типови на продавници, што значи ни двојно повеќе од 15 век.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани