2win800x200

ВЛАДАТА УТРЕ ЌЕ ЗАСЕДАВА ВО БИТОЛА

Октомври 13, 2019

Македонската Влада се „сели“ во Општина Битола. Премиерот Зоран Заев утре во зградата на Општината во Битола ќе претседава со редовната 159-та седница.

 

Од владата најавуваат дека ова ќе биде прва од низата седници кои во наредниот период ќе се одржуваат во различни региони во државата.

На седницата ќе присуствуваат сите министри додека како гости поканети се градоначалниците од Пелагонискиот регион, од општините Битола, Прилеп, Крушево, Кривогаштани, Долнени, Новаци, Могила и Демир Хисар.

Владината седница ќе започне во 18 часот а на неа приоритет ќе добијат информациите и одлуките за проекти од непосреден интерес на граѓаните на овие општини. Пред одржувањето на седницата , повеќе министри ќе се запознаат со спроведувањето на повеќе владини проекти во општина Битола.

Најавена е посета на клучката кај Могила поради рехабилитацијата на патот Прилеп-Тополчани-Битола, па во Трново каде е започната изградбата на прочистителната станица од отпадни води од потпелистерието, во Здравствениот дом каде е реновирана Службата за итна медицинска помош, РЕК „Битола“ каде ќе се промовира мераката за инвертор клими, посета на два групни дома со деца сирачиња, како и на ОУ „Гоце Делчев“, СОУ „Таки Даскало“, како и ОУ„Климент Охридски“.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани