Октомври 22, 2019

Webp.net gifmaker

Кога битолчани ќе стивнат! (Пишува: Татјана Крнчева)

Октомври 08, 2019
фото: Википедиа.постер од „филмот Кога јагнињата ќе стивнат“ фото: Википедиа.постер од „филмот Кога јагнињата ќе стивнат“

tatjana1

 

Низа години, од оваа перспектива декади, сум говорела за еснафот и еснафското кое ретко кое населено место го има во Македонија, дотолку повеќе што тое е белег на есенцијалната разлика на Битола за сметка на другите градови и населени места. 

А, во Битола полека, но, сигурно и последниот еснаф замолкнува од канибалисти, човекојадци, душогрижници, злобници ...

Иако не ретко сум се соочувала со фактот да еснаф се поими само и само со занаетчиите и дуќанџиите, па, разговорите воделе економски тек при што одамна ми е јасно, Дрина е крива по течението и тоа нема да се исправи ако ја решиме мистеријата на космосот.

Имено еснаф, именка од машки род поим, кој се користи пред се во економијата, но и историјата. Самиот еснаф означува историски период на нешто или некого кој оставил белег врз заедницата каде и со која живее и поради која бил или е почитуван.

Еснаф и е трговски поим, но, не означува трговец и тоа секој патописец го двоел како чаршија полна еснафи и трговци. Која е разликата? Па, прилично истата како и во општествено политичкиот живот поради која и ја посветувам оваа колумна на еснафот битолски кој полека изумира.

Имено, за разлика од трговците кои биле или дојдоши (препродавачи на готов производ увезен од некаде) и случајни т.н. патувачки трговци, еснафот секогаш изработувал домашен производ по кој и местото во кое работел било и препознатливо а пред се ценето.

За да ги заштитат своите интересни, уште во средниот век занаетчиите од иста струка, формирале сојуз на еснафи или ако сакате модернизам корпорација на еснафи. Организационата форма одела до таа крајност да секој еснаф си имал свој Статут што стриктно го уредувал квантитетот како и квалитетот на производството и дистрибуцијата на производството.

Значи, точно се знаеле квтите и пазар имало за сите.

Непочитувањето на Статутот строго се казнувало,  а тие т.н. работодавни правни форми биле уредно и судски заверени. Еснафлукот со време станал повеќе пречка на лакомштината на поединци отколку пречка на понатамошниот технички развој,  поточно прогрес.

Но, еснаф има и толкувања за кои токму и говорам, а сме ги заборавиле.

Еснаф е начин на другарување, еснаф означува и врсник – луѓе од иста генерација по раѓање,  кои иако по професиите во кои биле успешни биле различни, сепак, имале одлична комуникација за одржување на познатата општествено политичка одговорност кон заедницата.

Денес е срамота ако квази “журналисти” ве залепат на “жолтите страници”, за сметка на еснафскиот период кога постоеле посериозни, ем покадарно издржани квалификации за квалитетот, но, и делувањето низ градот односно  средината во која живееш и работиш.

Врв на срамот била реченицата “Ќе ми се смеат еснафите”. Што говори пак за препознавање на квалитетот како човечност, емпатија, однос или она што денес го нарекуваме повратна реакција од заедницата кон твоето делување во и кон неа.

Не помалку е позната и сега веќе изреката како еснафот изумира “Еснаф човек ти е чесен човек - домаќин” што исто е компаративно со денешните само наречени “големи” бизнисмени кај кои со чест на исклучоците спорен е и начинот на кој станале успешни, но, и начинот на кој се однесуваат кон заедницата кон која и немаат благодарност поради која првенствен и станале “големи”.

Третата квалификација била епска и самата по себе говори за моќта на еснафот како поим за другари, генерации, врсници, друштво.

Имено, и не така одамна општествено политичките настани се решавале нешто слично како и денес. Како што имало музички еснаф, новинарски еснаф, имало и таков кој на крај го имал последниот збор во градот.

Општо е познато дека за водење политика мора да има најмалку, две страни,  но не секогаш мора и двете да се во право. Впрочем секоја од нив селективно го проповеда својот дел од крајната цел, па се знаело кој на крај ќе пресече. 

Битола и битолчани при политичка или општествена одлука која веќе преоѓала во лакрдија на нивна сметка го решавала со познатата “Ја претераа, се замеша еснафо, сега нема веќе бегање”. 

Ова значи дека исти генераци на општественици и политичари во градот кога ќе имало “зорт” час биле оние кои решавале што е правнилно а што не – што е добро за Битола и битолчани и нивниот збор бил последен.

Но,  никој не сака моќен и паметен народ, особено во време на политички манипулации, па, полека  почна процесот на умртвување на еснафот и тоа по сите горенаведени параметри. И тоа се прави систематски , по шаблон, со крајна цел еснафското не да се искорени ами да се сотри во сржта во Битола.

Зошто? Затоа што група граѓани едноставно не сакаат ред.

Битолскиот еснаф дише на чкрги. И тоа е факт. И тоа го гледаме и не е вистина дека не можеме да му помогнеме. Во време на изместени општествено-политички вредности едноставно е тешко, но, искрено верувам дека Еснафот на крајот ќе пресече.

И повторно. Кој разбра – разбра, кој не – ќе разбере. Еснаф е поим голем колку планина. Еснаф е поим и во екологијата за група на различни видови растенија или животни кои споделуваат заеднички карактеристики или навики, но и најголемиот поим во бизнисот – трговска марка или бренд но и директен поим за синдикат – синдикално делување.

Вака запишано можеби е јасно зошто во моментот кога еснафлукот ќе исчезне ќе ја нема ни Битола ни битолчани.

Иако еснафот за волја на вистината секогаш пронаоѓал курназ патишта да се одржи.

 

Пишува Татјана Крнчева, советник во Општина Битола 

 

 

тавовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани