Webp.net gifmaker

Без наслов, со повод (пишува Татјана Крнчева)

Октомври 15, 2019

tatjana1

 

Очи вистина не гледаат повеќе...остана да видиме душа дал ќе преживее!  Кога се думав како општествено-политичката ситуација да ја коментирам во форма на колумна, а да нема политичка ,т.е партиска конотација, ми стана јасно дека тоа е можно само со компарација.

Македонскиот народ знае да ги препознае моментите кога “ни десното око на левото не верува“, затоа што е изгорен од она “лева рака-десен џеб“. На такво ниво ни е и сиромаштијата која не е избор, туку сплет на често нелогични околности , а ние со нашите глупави перцепции решаваме емпатијата да си ја оставиме “кузнaj“ во кој сон заспана, или ја нема, „гон вит д винд“ е одамна, или па не препознаваме момент за да ја “уклучиме“ на тројка!

Ама затоа па сатира и цинизам на “шеска“! Сатирата е класично исмевање со цел да се разбуди општествено одговорен момент, ама нивото на цинизам до кое сме стигнале, може слободно да се стави во листата на болести на психата.

Имено, има една кратка приказна која е “гола“ претставена и врти по социјалниве мрежи и некако ми се протна и ми фати на око, иако изгледаше како само уште еден залутан текст во морето информации. Нема форма ни на виц, ни на расказ. И оди вака:

Малото Еврејче влегува во продавница и подава празна тегла:

-Еден килограм мед може ли?

-Може. Сега ке ти наполнам во теглата.

Продавачката полни мед и му ја дава теглата. Еврејчето веднаш тргнува кон излезот велејќи:

-Тато рече ќе плати утре.

-Ааааааааа не, не може, давај ја ваму теглата!-вреснала налутено продавачката.

Ја зела теглата,ја истурила во садот и му ја вратила празна. Детето излегло на улица, погледнало во празната тегла и рекло:

-Во право беше тато,ќе има за две лепчиња.

И...нормално, лавина од коментари. Коментари кои искрено ми го исцртаа нивото на општествена свест, т.е на колку ниски гранки паднало некогаш толку извикуваното човечко “милје“! Поголемиот дел од нив,беа во стил Евреи циции, па сатири, па шегобијци колку ти душа сака...и едно време застанав...и си реков себеси...“Добро бе, можно е во приказната само јас и една рака луѓе да пронаоѓаат тага, немаштија и беда?! Можно е само тебе солзи да ти идат за Еврејчето, можно е само ти да гледаш трошење на последните атоми човечко достоинство за да се преживее?! Можно е да си толку “ненормална“ и да не си по ЈУС?!

И се сетив дека чувството не ми е ново. Истата мачнина ја осетив кога за прв пат го гледав брилијантното фолмско остварување “ Животот е убав“. Ликот на Бенињи прикрива реалност ,неизбежност, беспомошност, очај...и се само за да ја зачува светата детска невиност, наивност и безгрижност. И не препознав хумор!!! Цела сала си се изнасмеа и мирно си замина дома, а јас липав, го преплакав филмот, онака како (не)цела и не по ЈУС.

Овие 2 нешта ми се компаративни столбови на што ни личи општествено, но и политички денешницата. И тажно е! Во нечија мака и проблем гледаме брзо богатење и немање воља за работа. Во нечија борба низ животните патешествија гледаме обиди само за позиционирање на работно место за луксуз, а не општа потребштина. И дефинитивно во нечија политичка активност или одлука, а често и решение ( иако скоро три декади лоцираме проблеми и никако да ги решиме ), гледаме евтино партиско профитерство.

Можеби и очите не' лажат,па сме го згрешиле жанрот.

Еврејчето беше гладно, но тоа не го прави неговиот татко скржавец и неработник. Бенињи беше привид на нешто нереално само и само да го заштити своето дете од суровата реалност дека смртта им е на врата.

Очите одамна гледаат она што самите сакаме да видиме. За потоа на таа вид-виделина да критикуваме, нафрламе вина, влечкаме нечии образи низ калта,судиме, колиме, бесиме, глави киниме и ги шуткаме како топка за фудбал, стереотипуваме...

Можеби е време да се вратиме на едни стари општествени вредности кои беа столб на едно убаво и стабилно време, минато,ама делува. Време кога продавачката не само што немаше да ја истури теглата,туку ќе наполнеше уште една,за сестричето или братчето. Време кога тој другиот што чека на ред во истата продавница ќе речеше: “Земи малечок, јас плаќам“.

Нема да “солам“ памет, ама имам молба! Пред да така лесно распнете некој,размислете, која е целта? Дали прикажаното е реалноста или обид да се оцрни само затоа што не е решение на тој што го осудил.

Животот е убав? ДА! Но не гледајте го само со очите, ами и со душата. Поарно едно лепче со мед, па дури и со цел сеир “голтнато“, отколку празно меше. И поарно бонџорно принчипеса , па дури и преку бодликава жица кажано, отколку “тргнувај мори пред мене“ на Широк Сокак.

Нешто ќе си наредиш, нешто ќе ти наредат. АМА...како и да е, што и да е, не бидете во животот продавачката ШО го пусто медО за џабе!!!

 

Пишува Татјана Крнчева, советник во Општина Битола 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани