2win800x200

Вистината за градинките, неверниците и сеирџиите (пишува Валентин Груевски)

Декември 19, 2019

Секој од нас, без исклучок, е најзагрижен за нашите најмлади, каде се воспитуваат, кој ги воспитува, какво знаење добиваат и се разбира во кои услови учат и се воспитуваат. Сите ние сакаме за нашите деца, за нашите внуци, за блиските да обезбедиме најдобрите услови и буквално ништо да не им фали во институциите во кои поминуваат дел од денот.

 А со оглед на брзото темпо во кое живееме и начинот на кој ние возрасните го минуваме денот, најмладите поминуваат се повеќе време надвор, отколку во својот дом.

Како родител  чии деца пораснале во градинките, ја познавам состојбата во нив еден подолг период.  Но ова што се случува сега во нив ги надмина и најголемите  оптимистички предвидувања. И едната и другата градинка во Битола, во овие две години доживеа вистински бум, изгледот на градинките е сосема изменет, ако не сте биле повеќе време во нив, впечатокот кој ќе го добиете е дека се работи за некои други институции, за нови градинки изградени сега, опремени по нови стандарди. 

И тоа не е лажна слика, која ја создала некоја  ПР агенција, туку вистинска слика која ќе ја сретнете во градинките.

Браво, благодариме!

Ова е се најмалите зборови кој можете да ги кажете за луѓето кои ги водат овие институции. Големо Благодарам и за луѓето кои им помагаат, за резултатите кои ги постигнуваат, за се она што беше вложено во овие две години. А беше вложено навистина многу.

Променет кров на една од градинките, купени нови возила во двете градинки, набавени нови столчиња и маси за сите деца, нови клима уреди, комплетно нови кујни и машини за перење, нови правосмукалки, реконструирани тоалети, нови завеси, комплетно нов мебел во една од градинките, нови теписони, нова дограма... Списокот е долг, ама и ова наброеното е доволно. Вложени илјадници  и илјадници евра во подобри услови за најмилите.

Не смее да се заборави и новата градинка во Кравари, и новите три занимални со кои се зголеми опфатот на деца, кој претставува  голем проблем. А тоа  мора да се решава.

Нова градинка

Тоа е предизвикот кој стои пред оваа локална самоуправа. Знам дека и тоа ќе се реши и тоа на радост на многу родители кои се на листа на чекање во градинките, ама и на големо разочарување на сите неверници и на сеирџиите.  Сигурен сум дека ќе бидат разочарани, ама градинка ќе има до крајот на мандатот на оваа власт. Со заеднички сили на Општина Битола, приватниот сектор и Владата, Битола ќе добие нова современа градинка со опфат од над 300 деца, со најсовремени стандарди, вистинско уживање за децата.

Градинката е потреба на градот, потреба на сите нас и ќе биде заеднички успех.

Пишува: Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола

(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани