2win800x200

Улиште за пчели од градоначалникот на Епинал за Битола, симболичен подарок со порака за зачувување на биодиверзитетот

Ноември 03, 2018

Кошница за пчели и подари на Оштина Битола  градоначалникот на францускиот град Епинал, Мишел Хајнриш, по повод 50 годишнината од збратимувањето на двата града. Кошницата е поставена во општинскиот двор, а Хајнриш ја објасни симболиката на овој подарок.

-Во рамките на одбележувањто на 50 години од збратимувањето на Битола и Епинал, подаруваме едно урбано улиште. Познато  е дека има драстично намалување на биодиверзитетот на нашата планета и ние  бориме за зачувување на овој биодиверзитет. Всушност,  пчелите се исклучително значајни за биодиверзитетот, затоа што без пчелите и без улиштата исчезнува биодиверзтетот. Во Епинал веќе 15 години не се користат пестициди во парковите, а со тоа се покажа дека пчелите во урбаните улишта произведуваат повеќе мед од пчелите кои се наоѓаат надвор од градот. Тоа е доказ дека кога не се користата пестицидите, производтсвото на мед е многу поголемо. Со овој подарок ние симблично ја означуваме нашата определба да се бориме за зачувување на биодеверитетот, рече Хајнриш, при доделувањето на подарокот.

Градоначалничката Наташа Петровска се заблагодари за подарокот.

-Симболиката на улиштетот што го добиваме како подарок од градоначалникот на Епинал, е нешто што ќе не потсетува на потребата од нашата одговорност за грижа кон животната средина воопшто, ќе не потсетува на Епинал, градот кој што исклучително ни значи. Но, за мене има и дополнителна симболика, а тоа е она што го гледаме кај пчелите, нивната трудољубивост и заедништво што треба да биде одлика и на човештвото, тоа треба да биде одлика на сите нас каде и да се наоѓаме во светот. Токму затоа е симбол повеќе за нашето пријателство , за кое сум сигурна дека и во иднина ќе продолжи вака топло да се негува, рече Петровска.

Урбаното улиште е изработено од студенти -инженери специјализирани за изработка на дрво кои се шклуваат во Епинал, Франција.

DSC 5401

DSC 5301

DSC 5312

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани