2win800x200

Ќе се гради детска градинка во поранешната Касарна во Битола

Март 12, 2019

Општина Битола презема мерки за изградба на нова градинка во поранешната Касарна во Битола со цел да се намали бројот на деца кои чекаат за прием во постоечките детски градинки.

Градинката ќе зафача површина на градежната парцела од 2189 метри квадратни, додека површината на градба предвидена за објектот ќе биде 1618 метри квадратни.

 

„Во тек е постапка за јавна набавка за изработка на основен проект за изградба на детска градинка согласно ДУП и проектна програма. Во тек е евалуација на пристигнатите понуди за изработка на основен проект за изградба на градинката. По изборот, Општина Битола ќе склучи договор за изработка на основниот проект“, соопштина од Општината.

Целосната проектна документација ќе биде одобрена од страна на Министерството за труд и социјална политика.

Со оглед на постојаниот пораст на бројот на деца, чии родители сакаат нивно згрижување во градинките, Општина Битола работи и на можностите за проширување на постоечките капацитети на градинките, а конкурира и на проекти за нови објекти наменети за детски градинки.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани