2win800x200

Изложбата „Ана Франк-Историја за денес“ од четврток ќе биде поставена во СОУ „Таки Даскало“

Мај 20, 2019

Патувачката изложба „Ана Франк - Историја за денес“ во  четврток, 23 мај, со почеток во 18 часот   ќе биде отворена  во просториите на средното училиште „Таки Дасакало“ во Битола, кое е домаќин на овој настан во соработка со Младинскиот образовен форум. 

Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“ е посетена од над пет милиони посетители во над четириесет држави во светот. Таа е една од најпознатите светски едукативни изложби кои се однесуваат на холокаустот и човековите права.

Изложбата е составена од триесет и девет изложбени панели кои ја раскажуваат приказната за Ана Франк, истовремено раскажувајќи за Холокаустот и Втората светска војна. Прикажува фотографии од детството на Ана, подемот на нацизмот, погромот на Евреите и реакциите на луѓето. Се ова е раскажано преку животот на едно семејство. Изложбата ја дополнуваат седум панели за домашниот контекст во периодот по Втората светска војна до денес. Овие панели се изработени од домашните експерти Мишо Докмановиќ и Бесник Емини.

Водичи на оваа изложба се млади волонтери - средношколци кои поминале обука да ја раскажат приказната за животот на малата Ана.

Изложбата во Северна Македонија е изработена и донесена во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за сегашноста“ кој е поддржан од Европската унија, а поддршка доби и од Министерството за надворешни работи, Министерството за култура, Министерството за образование и наука, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија.

До сега, беше поставена во 21 градови, а ја посетија повеќе од 19 илјади посетители.

Проектот има за цел да го покрене вниманието и поттикне дискусија за настаните од блиското минато на Западен Балкан кои се причина за различни поделби и генерирање на конфликти во минатиотвек. Преку промовирање на критичко размислување за настани од историјата и нивното значење во современотовреме и случувања, целта на Anna Frank House и партнерите е да се постигне помирување преку дијалог за заедничкото минато.

Сите заинтересирани ќе можат да ја посетат изложбата „Ана Франк-Историја за денес“ од 23 мај до 3 јуни, од  7,30 до 16 часот, а влезот ќе биде бесплатен.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани