Webp.net gifmaker

Од денеска ЈКП „Комуналец“-Битола ќе започне со селективно собирање на органскиот отпад кој нема да го фрла на депонијата Мегленци, туку ќе го преработува и од него ќе прави компост кој ќе го користи како ѓубриво во своите расадници и на јавните зелени површини. Значи ќе се селектира органски зелен отпад, остатоци од косење, режење и слично, отпад од храна од хотели, ресторани, домаќинства, индустриски био отпад , додека од ЈКП „Комунална хигиена“ од Општина Новаци ќе се врши собирање на земјоделски отпад и отпад од сточарството.

Од рано наутро почнува „бербата“ на љубичици од алеите во паркот кај Градскиот саат во Битола, револтирано реагираат битолчани кои се сведоци на кражби на посаденото цвеќе на јавните  површини.

Така и утрово повозрасна битолчанка е фотографирана како го корни посаденото цвеќе на очиглед на минувачите.

Од ЈКП Комуналец –Битола велат дека кражбите на свеќиња и садници од јавните површини низ градот се секојдневни, па вработените се приморани на неколку дена да ги пополнуваат со нови и да ги  преуредуваат хортикултурно уредените површини.

Особено на удар се садниците кои за неколку дена или се крадат или се уништуваат, велат од ЈКП Комуналец.

Специјалната машина за метење на ЈКП Комуналец  од утрово ги обиколува главните битолски сообраќајници, а по неа на терен излегува и  специјално моторно возило – цистерната  за миење на улиците. Големата машината  за метење помага за поефикасно чистење на  градот и собирање на  отпадот од коловозите, иако секое утро на терен се и комуналните работници.

u3

u1

Цистерната  за миење улици, пак  дополнително го зголемува квалитетот на хигиената и јавната чистота околу одржувањето на јавните површини: градски сообраќајници, тротоари, пешачки патеки, паркинзи...

u2

 

Почнувајќи од една од главните сообраќајници во градот ,улицата  „Партизанска“, вработени во ЈКП „Комуналец“ со цистерна со вода и црева утрово ги миеја тротоарите, пешачките зони и паркинзите  од нечистотијата и наносите од земја од зимата. На овој начин се зголемува квалитетот на хигиената и јавната чистота околу одржувањето на јавните површини, велат од претпријатието.

kom1

Во текот на минатата недела комуналните работници детално ги чистеа и улиците и тротоарите од сметот и остатоците од земја и кал.

kom2

Пајак службата на ЈКП „Комуналец“-Битола и битолската сообраќајна полиција денеска претпладне ги исчистија тротоарите и коловозите од непрописно паркираните возила во центарот на градот.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани