2win800x200

Утрово во  8.00 часот  започна аплицирањето на граѓаните  од Општина Битола на јавниот повик за субвенционирање на домаќинствата  за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди. Но. после неполн  час се создаде технички проблем, а од Општина Битола велат дека се работи на негово отстранување

Веќе од следната недела ќе биде објавен повикот за граѓаните во најзагадените градови во државата  за субвенционирање на инвертер клими. Оваа мерка ќе се реалзира со финансиски средства од заштедите на ЕСМ. Околу 10 илијади семејства ќе добијат до 1000 евра за набавка на овие грејни тела.

Новата мерка на Владата на Република Северна Македонија обезбедува целосно финансирање за инвертер клима уреди за 2500 семејства во Битола, како еден од четирите најзагадени градови во земјава. Мерката нуди повеќекратни поволности, кои покрај квалитетната и здрава животна околина ќе влијаат и на буџетот на граѓаните. Греењето со дрва и тврди средства влијае и на загадувањето во домовите и затоа е подобро да се замени со друг, еколошки начин.

Општина Битола го објави повикот за надоместување на дел од трошоците на граѓаните кои ќе купат клима уредни инвертери за 2019 година. Целта е стимулирање на граѓаните да користат обновливи извори на енергеија за затоплување на своите домови кои минимално ги загадуваат почвата и воздухот и не влијаат врз климатските промени.

Страница 2 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани