2win800x200

СДСМ: Касата на Општина Битола е празна!

Август 31, 2023

Интегрален текст од соопштението на СДСМ Битола

 

ДПМНЕ нека олабави малку со притисоците врз советниците! Нека не праќа спортисти, културни работници, други граѓани да прашуваат зошто нема пари и зошто е закочен ребалансот на буџетот, туку нека им објасни дека ги потрошија парите што требаше да им ги дадат, па сега се правдаат и вината ја префрлаат на СДСМ!

На битолчани едно треба да им биде јасно: дури и кога ќе помини ребалансот на буџетот, нема да си ги добијат парите што ги очекуваат оти пари нема!!!
Касата на Општина Битола е празна! Коњановски и ДПМНЕ ја направија решето!
Ниту спортистите ќе добијат колку што очекуваат, ниту културните работници ќе земат колку што им било ветено, ниту граѓаните ќе ги добијат парите за климите и за дограмите! Пари нема!!!
А, единствени кои имаат контрола врз трошењето на парите се Тони Коњановски, Борче Димитровски и неколкумина од ДПМНЕ!
Не еден, туку уште десет ребаланси на буџетот да има, на Битола ѝ нема спас дури со неа раководи ДПМНЕ!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани